| Macedonian
КУЛТУРА
4 мин читање
„Сестра, брат и шахта“ на режисерот Милчо Манчевски победи на филмскиот фестивал во Токио
Ова е првпат македонски филм да победи на фестивал од А-категорија после „Пред дождот“ на Манчевски во Венеција во 1994.
„Сестра, брат и шахта“ на режисерот Милчо Манчевски победи на филмскиот фестивал во Токио
„Сестра, брат и шахта“ на режисерот Милчо Манчевски победи на филмскиот фестивал во Токио / َAA

„Сестра, брат и шахта“, најновиот филм на Милчо Манчевски победи на Филмскиот фестивал во Токио, фестивал од А-категорија. Филмот ја освои главната награда на фестивалот, „Токио Гран при“ (Tokyo Grand Prix).

Ова е првпат македонски филм да победи на фестивал од А-категорија после „Пред дождот“ на Манчевски во Венеција во 1994.

Претседателот на жирито, легендарниот австралиски режисер Ролф де Хер, при доделувањето на наградата го прочита официјалното образложение на жирито:

За беспрекорното спојување на хуморот, трагедијата и драмата, за човечноста и сочувството што ги покажува кон своите ликови, за сложениот, но кохерентен филм, кој истовремено успева да биде трогателен и разигран, големата награда на Токио – Наградата на гувернерот на Токио за најдобар филм – му се доделува на „Сестра, брат и шахта“.

Манчевски ја сподели радоста од освоената награда и им се заблагодари на сите, кои верувале во создавањето на филмот:

Многу ми е мило што светот ја сака нашата шахта. Благодарност до феноменалната екипа, глумците, финансиерите, спонзорите – за довербата во еден чуден филм. Ете пример дека истрајноста и правдата победуваат. Напред, шахта!“, изјави Манчевски по доделувањето на Гран при наградата.

На свеченото затворање на фестивалот наградата ја подигнаа главните актери во филмот Сара Климоска, Филип Трајковиќ и продуцентот Јане Ќортошев.

По доделувањето на наградата, на сцената се обрати и продуцентот на филмот, кој во име на авторската и продуцентската екипа им се заблагодари на сите, кои верувале во проектот и го поддржале неговото создавање:

„Во Токио дојдовме со шахта, а во Македонија се враќаме со оваа прекрасна награда. Мислам дека ова е навистина добра зделка! Од неизвесноста дали воопшто ќе успееме да го снимиме филмот, до оваа вечер, кога стоиме тука, во Токио – навистина поминавме долг пат. Голема благодарност до сите кои веруваа во нас и нè поддржуваа на тој пат. Галина Тонева, Ју-Фаи Суен, Светлана Левичева… – еве нè тука. Благодарност до Меѓународниот филмски фестивал во Токио, кој веруваше во нашиот филм и до жирито што му ја додели оваа прекрасна награда. Аригато гозаимас!“, изјави Ќортошев.

Годинава, на Токискиот меѓународен филмски фестивал (TIFF) пристигнаа 1.892 филмови од 112 земји и региони. По ригорозен процес на селекција, во натпреварувачката програма беа избрани 15 филма. Жирито на натпреварувачката програма, предводено од австралискиот режисер Ролф де Ер, го сочинуваа филмски професионалци од Австралија, САД, Јужна Кореја, Јапонија и Франција.

„Сестра, брат и шахта“ е чудна комедија за оние што имаат и оние што немаат – во исто време лута сатира и суптилна поема за брат и сестра кои живеат на маргините на општеството. Филм за антихерои кој – во неповторливиот стил на Милчо Манчевски – отфрла секаква жанровска класификација, мамејќи и солзи и смеа. Иако се случува во денешна Македонија, филмот содржи универзално размислување за тоа како луѓето живеат и се поврзуваат во современиот свет.

Ова е негов деветти долгометражен игран филм. Во 2026 година тој го реализираше и долгометражниот документарен филм „Добри луѓе“ за трагедијата во Кочани, со што во иста година претстави два филма пред меѓународната публика.

Освен Агенцијата за филм, филмот го помогнаа и националните филмски фондови и приватни инвеститори од Бугарија, Србија, Албанија, Италија и Англија. Македонски компании и културни институции што го поддржаа проектот се Дајнерс клуб, Тиквеш, Витаминка и Окта, како и Пелистерка, Специјал, Такси Глобал, Хотел Арка, Саманта, Мај принт, Македонскиот народен театар и Види Вака.

Главните улоги ги играат Сара Климоска, Филип Трајковиќ, Соња Михајлова, Петар Мирчевски, Јордан Симонов, Дејан Лилиќ, Јасмина Василева, Стефан Николовски, како и Ана Костовска, Иван Ѓошевски, Виктор Арсов, Марина Поп Панкова, Александар Степанулески и Марин Гавриловски.

Дејвид Манс од Велика Британија е дизајнер на продукција. Директор на фотографија е Стефано Фаливене од Италија. Кастинг директорка е Милка Анчевска, костимите се на Жаклина Крстевска, а шминката на Бистра Кечиџиева од Бугарија. Продуцент на филмот е Јане Ќортошев.

Филмот се снимаше со меѓународна екипа на локации низ и околу Скопје. Копродуценти се Гала филм од Бугарија, Сенс продакшн од Србија, Амаркорд продакшн и Аугустус колор од Италија, Беркли медиа груп од Англија и Тирана филм институт од Албанија.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Обединетиот јудаизам на Тора одбива да го поддржи Нетанјаху за премиер
Медведев: Резултатите од изборите во САД нема непосредно да влијаат врз Русија
Зеленски се надева дека победата на демократи ќе донесе дополнителна поддршка за Украина
Се очекуваат до 780.000 демонстранти низ Франција, при што е распоредено големо полициско присуство
Иран соопшти дека три пловни објекти се запалиле во Ормускиот теснец
Во израелските напади загина еден Палестинец, а четворица се ранети низ Газа
Саудиска Арабија продолжи со финансирање од 3 милијарди долари за Пакистан
Северна Кореја тестираше напреден ракетен систем за воздушна одбрана
Огромен скандал во Украина, антикорупциски истражители вршат претрес во Безбедносната служба
Туркије остро го критикува извештајот на Европската комисија нарекувајќи го пристрасен и неправеден
Кос: Црна Гора е на пат да стане 28. членка на ЕУ, новата српска влада да се врати на реформите
Лидерот на израелската опозиција го обвинува Нетанјаху за обид за државен удар по изборниот пораз
За Венс војната во Иран е причината зошто републиканците ги загубија среднорочните избори
Првата дама на Туркије Емине Ердоган го отвори културниот центар на Институтот Јунус Емре во Сеул
Сиљановска-Давкова на средбата со Руте ја реафирмира посветеноста на земјава кон НАТО