| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
За Венс војната во Иран е причината зошто републиканците ги загубија среднорочните избори
Потпретседателот на САД вели дека поранешните поддржувачи на Трамп се префрлиле кон демократите поради конфликтот, трошоците за живот и односот на Вашингтон со Израел
За Венс војната во Иран е причината зошто републиканците ги загубија среднорочните избори
Војната во Иран е централниот фактор за поразот, секој искрен разговор за тоа каде одиме оттука мора да започне таму, рече Венс

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, ја обвини војната со Иран за поразот на републиканците на среднорочните избори во среда, велејќи дека гневот на гласачите поради конфликтот ги натера поранешните поддржувачи на Доналд Трамп да ги поддржат демократите.

„Причината зошто изгубивме е војната“, напиша Венс во изјава на американската платформа за социјални медиуми X.

Тој тврди дека резултатите од изборите го одразуваат незадоволството од надворешната политика на администрацијата, а не ниската излезност на републиканските гласачи.

Венс рече дека многу Американци кои го поддржале претседателот Доналд Трамп и него на претседателските избори во 2024 година се префрлиле кон Демократската партија во 2026 година, и покрај значителната излезност меѓу републиканските гласачи.

„Главниот проблем е што многу луѓе кои гласаа за Трамп/Венс во 2024 година гласаа за демократите во 2026 година“, рече тој.

Повикувајќи се на податоци од анкетите, Венс рече дека гласачите кои ги напуштиле републиканците ги идентификувале завршувањето на војната, справувањето со трошоците за живот и инфлацијата, ставањето на Америка на прво место и промената на односот на Вашингтон кон Израел како нивни главни грижи.

Потпретседателот призна дека републиканците ќе се соочат со „многу внатрешни борби и расправии“ околу причините за нивните изборни порази.

Тој, исто така, призна дека економските пораки на партијата можеби не биле доволни, но тврдеше дека војната во Иран била централниот фактор зад поразот.

„Секој искрен разговор за тоа каде одиме оттука мора да започне таму“, рече Венс.

Повеќе
Кина разговара за можна средба меѓу Си, Путин и Трамп, соопшти Пекинг
Во Србија откриени сите имиња кои ги помилува Вучиќ на крајот на мандатот
Трамп: Ако морам ќе испратам федерални сили во градовите управувани од демократи
Абдул Ел-Сајед стана првиот муслиман избран во Сенатот на САД по победата во Мичиген
Лапид: По изборите во САД, нема влада на единство со Нетанјаху
Зеленски: Влијанието на Европа мора да расте, бидејќи влијанието на САД би можело да се намали
Трамп ги посочи цените на горивата по војната со Иран за поразот на среднорочните избори
Пеги Фланаган, првата домородна Американка избрана во Сенатот на САД
Демократите освоија рекордна победа, голем удар за политиките на Трамп
Јилмаз: Исламскиот свет мора решително да им се спротивстави на израелските злосторства во Палестина
Трамп вети дека до крајот на годината ќе ја прекине американската помош за Израел
Македонското МВР и ОЈОГОКК дел од акција на Евроџаст против инвестициски измами преку интернет
Аналитичар: Трките за американскиот Сенат ќе се заострат, иако анкетите се во корист на демократите
Сеул и Анкара ќе ја продлабочуваат соработката во нуклеарната енергија и одбранбената индустрија
Израелскaтa опозициja го предлoжи Ајзенкот за премиер, ветува формирање Влада на национално единство