| Macedonian
Мислење
ПОЛИТИКА
6 мин читање
Средномандатни избори во САД: Син бран, но што сега?
Политичките тензии во Америка нема да стивнат, напротив, веројатно ќе се интензивираат додека се приближуваме кон претседателските избори во САД во 2028 година
Средномандатни избори во САД: Син бран, но што сега?
Фокусот веднаш ќе се префрли на внатрешните односи кај демократите, кои во изминатите осум години беа постојан извор на тензии и непријателства

Адам Меконел

Д-р Адам Меконел е американски научник

Средномандатните избори во САД во 2026 година, на крајот, се одвиваа токму како што предвидуваа анкетите, Демократската партија победи во клучните трки низ целата земја, понекогаш со изненадувачки голема разлика. 

Во следните две години, демократите ќе имаат контрола врз двата дома на Конгресот.

Бизарните потези на американскиот претседател Доналд Трамп за време на кампањата сега наликуваат на очајнички обиди на човек што се дави. 

Неговите неодамнешни предизборни собири се претворија во еден вид бурлескни спектакли: тој дополнително ги засили расните провокации и исламофобичната реторика, притоа однесувајќи се чудно и коментирајќи го физичкиот изглед на машките кандидати од Републиканската партија.

Нешто слично на ова никогаш претходно не е забележано во политичката историја на САД.

Што се однесува до демократите, и покрај обидите да се фокусираат на корупцијата на Трамп, трошоците за живот и нееднаквоста, прашањето што на крајот доминираше во нивните кампањи беше Израел. 

Ова кулминираше кога поранешната претседателка на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, само една недела пред изборите, изјави во едно интервју за подкаст дека секој демократ во Конгресот кој ќе го критикува Израел ќе се соочи со „дистанцирање“ од страна на другите демократски членови на Конгресот.

Неколку дена подоцна, непосредно пред гласањето, трката за Сенатот во Мичиген предизвика бурна реакција откако Хејли Стивенс, која загуби од д-р Абдул Ел-Сајед на внатрепартиските избори на демократите, му даде поддршка на неговиот републикански ривал, првенствено поради ставот на Ел-Сајед кон Израел.

Така, Демократската партија се најде длабоко поделена поради прашање кое некогаш се сметаше за маргинален надворешнополитички проблем.

Историски победи

Неколку резултати од изборите во вторникот се особено значајни. Трката за гувернер во Џорџија, во која Кејша Ленс Ботомс стана првата црномуреста жена избрана за гувернер во историјата на САД, како и трката во Тексас, каде што Џина Хинохоса стана првиот гувернер од хиспаноамериканско потекло во таа сојузна држава, се победи што привлекуваат посебно внимание. 

Домородните Американци исто така беа сведоци на историски првенци, откако поранешната министерка за внатрешни работи (првиот домороден Американец на министерска функција), Деб Халанд, беше избрана за гувернерка на Ново Мексико, првиот гувернер од редовите на домородните Американци во историјата на САД. 

ПоврзаниTRT Balkan - Џ.Д. Венс ја реогранизира американската десница и разочараните гласачи на Трамп

Во Минесота, победата на Пеги Фланаган ќе ја направи првиот сенатор од редовите на домородните Американци во историјата на САД. 

Првиот муслимански сенатор

Во ноќ исполнета со историски резултати, еден се издвои од останатите: победата на Ел-Сајед во трката за Сенатот во Мичиген. 

Триумфот на Ел-Сајед претставува пресвртница за застапеноста на муслиманите на национално ниво, бидејќи тој ќе биде првиот муслимански сенатор во историјата на САД. 

Но за Демократската партија, случајот со Ел-Сајед го разоткрива долгогодишното одбивање на партиското раководство да го признае променетиот став на американското гласачко тело кон Израел.

Внатрешните судири кај демократите

Бидејќи раководството на Демократската партија одби да покаже вистинска посветеност кон кандидатурата на Ел-Сајед, сјајот на овој изборен триумф на демократите може многу брзо да избледи. 

Фокусот веднаш ќе се префрли на внатрешните односи кај демократите, кои во изминатите осум години беа постојан извор на тензии, па дури и на отворено непријателство. 

Иако победата на Ел-Сајед ќе донесе глас во Сенатот кој гласно ќе ја критикува американската политика кон Израел, фактот што неговиот поранешен ривал во последен момент му даде поддршка на неговиот републикански противкандидат, симболизира неуспех на демократското раководство да ги разбере општествените динамики во Америка.

Срамниот неуспех на раководството на Демократската партија да го поддржи Ел-Сајед е одраз на нивниот морален колапс во однос на американската политика кон Израел во периодот 2023-2024 година, колапс кој, може слободно да се каже, ги чинеше победа на претседателските избори. 

Дали нема да научат ништо од тоа искуство и ќе се обидат да го замолчат Ел-Сајед? Ако го сторат тоа, ќе го уништат сопствениот успех и дополнително ќе ја раздробат и онака поделената партија.

Раководството на Демократската партија мора да ги прочита јасните знаци на времето и да престане да ги поддржува политиките на израелската држава кои водат кон уништување, политики што се спроведуваат во Газа, на Западниот Брег и во јужен Либан. 

Тие мора да сфатат дека САД повеќе не можат да ги вооружуваат, финансираат или премолчено да ги одобруваат таквите политики. Без таа промена, среднорочните избори во 2026 година ќе бидат Пирова победа, а старата гарда на партијата ќе се стркала по срамниот пат кон Републиканската партија што Хејли Стивенс штотуку го инаугурираше за нив.

Точка 1 на агендата на Конгресот во јануари: Импичмент

Кога ќе се состават новите демократски мнозинства во Конгресот во јануари, прво на списокот ќе биде импичментот на претседателот Доналд Трамп и неговите соработници. 

Трамп е единствениот претседател на САД против кого двапати се гласало за разрешување, но ниту еден претседател на САД не бил отстранет од функцијата преку процесот на импичмент. 

Ако демократите внимателно создадат случај за импичмент и дејствуваат со единство, секако не покажано на неодамнешните идеолошки и генерациски поделби во партијата, Трамп би можел да стане првиот.

Претставничкиот дом има моќ да разреши претседател, но осудата и отстранувањето од функцијата ги врши Сенатот. Бидејќи

демократите го контролираа Претставничкиот дом во текот на 2019-2021 година, тие беа во можност да го разрешат Трамп во декември 2019 година и јануари 2021 година, но Трамп беше ослободен од Сенатот со републиканско мнозинство во двата наврати. 

ПоврзаниTRT Balkan - Абдул Ел-Сајед стана првиот муслиман избран во Сенатот на САД по победата во Мичиген

Претставничкиот дом може да го рзреши со едноставно мнозинство, но гласањето во Сенатот бара двотретинско мнозинство за отстранување од функцијата.

Почнувајќи од јануари, демократите ќе имаат големо мнозинство во Претставничкиот дом, но само 54 (можно е 55 или 56) сенатори. Тоа би значело убедување на повеќе од 10 републикански сенатори да гласаат за отстранување. 

Иако тоа изгледа малку веројатно, Републиканската партија е исто така внатрешно фрагментирана бидејќи дебатите за политиките на Трамп и Израел предизвикаа гласни дезертерства од базата на партијата. 

Убедувањето на 10 сенатори да гласаат за отстранување на Доналд Трамп можеби не е толку неостварливо, особено кога потпретседателот Џ.Д. Венс би бил негова замена. 

И Венс, кој ги одржува претседателските амбиции, се префрли во режим 2028 веднаш штом резултатите од изборите станаа јасни, дистанцирајќи се од политиките на Трамп обвинувајќи ја војната на Трамп против Иран за резултатите од изборите.

Без разлика дали Трамп ќе биде отстранет од функцијата или не, следните две години ќе бидат карактеризирани со постојани правни иницијативи на Конгресот насочени кон казнување на Трамп и секој што помогнал или имал корист од неговите активности од јануари 2025 година. 

Трамп, од своја страна, веќе вети дека ќе стави вето на законодавните иницијативи на демократите. Овие ставови ќе ги доведат законодавните и судските гранки на владата во директен конфликт со претседателот Трамп и неговата администрација. 

Со други зборови, политичките тензии во Америка нема да се намалат, туку веројатно ќе се интензивираат додека се движиме кон претседателските избори во САД во 2028 година.

Извор: АА

Забелешка: Ставовите изразени во овој напис му припаѓаат на авторот и не ја одразуваат нужно уредувачката политика на ТРТ Балкан

Повеќе
Трамп размислува за продолжување на војната против Иран, наскоро ќе донесе одлука
Белгискиот премиер останува на функцијата откако кралот не му ја прифати оставката
Од Данска до Португалија, нов бран закани за летови
Нетфликс ќе инвестира 200 милиони долари во турски продукции во текот на три години
Вадефул: Европа мора да има централна улога во преговорите за Украина
Саудиска Арабија пресретна две балистички ракети лансирани од Хутите
Советот НАТО-Украина одржа вонредна средба во Брисел
Трамп предвидува голем договор за Украина што би можел да ја вклучи цела Европа
Тексас ќе ги ограничи дата центрите, голем пад на берзите за ВИ
Зеленски: Воена помош од Шпанија за Украина во вредност од 437 милиони евра
УНХЦР: 90 милиони раселени лица се соочуваат со сериозни климатски ризици
Фидан: Алијансата од Мека е отворена за земјите од регионот со заедничка визија за мир
Израел објави тендери за изградба на 91 станбена единица во населби во окупираниот Западен Брег
Претседателот на Парагвај поднесе оставка под растечки притисок по колапс на банка
Дипломатијата на Блискиот Исток се интензивира во обид да се намалат регионалните тензии