| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Трамп размислува за продолжување на војната против Иран, наскоро ќе донесе одлука
Седум месеци сме во Иран и контролираме сè што сакавме да контролираме, сега ќе одлучиме дали сакаме да одиме понатаму и само ќе го потврдиме тоа, рече Трамп по состанокот со советниците за национална безбедност
Трамп размислува за продолжување на војната против Иран, наскоро ќе донесе одлука
Tој изрази желба да избегне понатамошно уништување на Иран, но не ја исклучи можноста за нови напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во четврток дека наскоро ќе одлучи дали да ја продолжи војната против Иран, која САД и Израел ја започнаа во февруари за да го спречат Техеран да развива нуклеарно оружје.

Трамп им рече на новинарите во Белата куќа дека размислува дали да ги продолжи нападите за да се осигури дека нуклеарната програма на Иран е трајно запрена.

Во исто време, тој изрази желба да избегне понатамошно уништување на Иран, но не ја исклучи можноста за нови напади.

„Наскоро ќе знаете“, рече тој.

По состанокот со советниците за национална безбедност, Трамп рече дека САД постигнале сè што сакале да постигнат во Иран и дека сега ќе одлучат за понатамошните чекори.

Тој, исто така, се осврна на критиките за цената на војната, споредувајќи ги американските операции во Иран со оние во Венецуела.

Тој тврди дека САД ги постигнале своите цели во Венецуела за само 48 минути, додека во Иран, по седум месеци конфликт, контролираат сè што имале намера.

„Неодамна видов еден конгресмен како ме критикува за Иран, тврдејќи дека потрошивме 25 милијарди долари. Реков дека добивме многу повеќе пари од Венецуела од тоа. Не изгубивме никого во Венецуела, сè траеше 48 минути. Седум месеци сме во Иран и контролираме сè што сакавме да контролираме. Сега ќе одлучиме дали сакаме да одиме понатаму и само ќе го потврдиме тоа“, рече Трамп.

Американскиот портал Аксиос објави, повикувајќи се на претставник на американската влада, дека Централната команда на САД (CENTCOM) ги засилува подготовките за евентуално продолжување на големите воени операции во Иран, но дека сè уште не добила нови наредби од Вашингтон.

И други медиуми пренесуваат дека носачот на авиони УСС Абрахам Линколн, придружуван од четири брода тргнал од Јужно Кинеското Море кон Заливот.

Медијаторите беа во Техеран неколку пати во последните денови на разговори, а самиот Трамп неодамна зборуваше за можен напредок во преговорите за прекин на конфликтот, потсетува ДПА.

Повеќе
Фидан: Алијансата од Мека е отворена за земјите од регионот со заедничка визија за мир
Израел објави тендери за изградба на 91 станбена единица во населби во окупираниот Западен Брег
Претседателот на Парагвај поднесе оставка под растечки притисок по колапс на банка
Дипломатијата на Блискиот Исток се интензивира во обид да се намалат регионалните тензии
Туркије врати 2,6 милијарди долари на 420.000 инвеститори додека продолжува ликвидацијата на фондови
Опозицискиот лидер Ајзенкот блиску до 67 пратеници по поддршката од арапската Заедничка листа
НБ: Во 2025 и 2026 година нема поголеми трансфери на пари во и кон Србија и Русија преку АЛТА банка
Мицкоски задоволен од Извештајот на ЕК, Рокас порача да ги искористиме можностите
Ердоган: Туркије ќе продолжи со напорите за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина
Во Скопје започна 5. Меѓународен симпозиум за наставата по турски јазик и туркологија на Балканот
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен, законската регулатива е строга
Ерменскиот премиер планира да присуствува на климатскиот самит на ОН во Туркије
Џ.Д. Венс ја реогранизира американската десница и разочараните гласачи на Трамп
Обединетиот јудаизам на Тора одбива да го поддржи Нетанјаху за премиер
Медведев: Резултатите од изборите во САД нема непосредно да влијаат врз Русија