| Macedonian
Болат: Турските компании реализира проекти од 2 милијарди во македонското градежништво
Турските градежни компании реализирале проекти во вкупна вредност од околу 2 милијарди долари и успешно завршиле 45 проекти, со цел да придонесат за инфраструктурата и надградбата на економијата на земјата
Болат: Турските компании реализира проекти од 2 милијарди во македонското градежништво
Болат: Турските компании реализира проекти од 2 милијарди во македонското градежништво

Турскиот министер за трговија Омер Болат на Бизнис-форумот Туркије-Северна Македонија изјави дека турските градежни компании реализирале проекти во Северна Македонија во вкупна вредност од околу 2 милијарди долари и успешно завршиле околу 45 проекти, со цел да придонесат за инфраструктурата и надградбата на економијата на земјата, јавува Анадолу.

На Бизнис-форумот Туркије-Северна Македонија, организиран од Одборот за надворешни економски односи (ДЕИК), присуствуваа премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски; министерот за трговија на Туркије, Омер Болат; министерот за транспорт и инфраструктура на Туркије, Абдулкадир Уралоглу; првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања на Северна Македонија, Беким Сали; министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски; и претседателот на ДЕИК, Наил Олпак.

Болат рече дека Туркије и Северна Македонија имаат историски врски што траат со векови, културна блискост, заемна доверба и силни односи меѓу народите.

Нагласувајќи дека овие длабоко вкоренети врски овозможиле воспоставување сеопфатно партнерство што оди многу подалеку од политиката и дипломатијата и ги опфаќа трговијата, инвестициите, туризмот, градежништвото, образованието и индустријата, Болат потсети дека Туркије и Северна Македонија пред околу 25 години потпишале договор за слободна трговија, со цел развој на билатералните економски и трговски односи.

„Овој договор беше исклучително ефикасен во зголемувањето на нашиот годишен билатерален трговски обем од околу 100 милиони долари на речиси една милијарда долари минатата година, со што трговскиот обем се зголеми речиси десетпати“, рече Болат.

Посочувајќи дека турските градежни компании реализирале проекти во Северна Македонија во вкупна вредност од околу 2 милијарди долари и успешно завршиле 45 проекти, со цел да придонесат за инфраструктурата и надградбата на економијата на земјата, Болат нагласи дека фреквенцијата на летови меѓу Туркије и Северна Македонија е на многу високо ниво и дека интензивниот воздушен сообраќај меѓу „Туркиш ерлајнс“ и авиокомпаниите во Северна Македонија е показател за овие силни врски.

Болат истакна дека силните економски и општествени односи значително придонеле за зголемување на турските инвестиции во Северна Македонија додавајќи:

„Околу 4.000 турски компании, кои работат целосно со турски капитал или преку партнерства меѓу турски и претприемачи од Северна Македонија, придонесуваат за економијата на Северна Македонија во секторите услуги, банкарство, туризам, индустрија и рударство. Дополнително, илјадници граѓани на Северна Македонија се вработени во компаниите на турските инвеститори. Во банкарскиот сектор, пак, една од силните институции на Туркије, Халкбанк, има значајна позиција во Северна Македонија со 49 филијали и околу 800 вработени од Северна Македонија.“

- „Северна Македонија ќе има корист од многу важна програма во рамките на Планот за раст на ЕУ“ -

Министерот за трговија Болат рече дека Северна Македонија дополнително ќе има корист од многу важна програма во рамките на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан.

Тој наведе дека во рамките на оваа програма на земјата ќе ѝ бидат обезбедени околу 750 милиони евра за развојни и инфраструктурни проекти, додавајќи дека турските градежни компании, врз основа на своите успешни инвестиции и градежни практики од минатото, со големо задоволство би придонеле преземајќи дел од овие проекти.

Потсетувајќи дека Туркије е на седмо место меѓу надворешните трговски партнери на Северна Македонија, Болат изрази надеж дека Туркије ќе се искачи на повисоки позиции на оваа листа.

Болат го заврши своето обраќање со зборовите:

„Постојат значајни можности за проширување на нашиот Договор за слободна трговија со вклучување нови области, како што се е-трговијата и секторот на услуги, како и за зголемување на преференцијалните трговски аранжмани за земјоделските производи меѓу двете земји. Ако споделиме некои показатели за турската економија; турската економија бележи континуиран раст веќе 22 последователни квартали. На крајот од минатата година нашиот бруто-домашен производ надмина 1,6 трилиони долари, а доходот по жител достигна 18.000 долари. Според паритетот на куповната моќ, Туркије е 11. најголема економија во светот. Во трговијата со стоки годишниот надворешен трговски обем надмина 396 милијарди долари. Нашата трговија со услуги достигна околу 180 милијарди долари.“

Повеќе
Одложено патувањето на Џ.Д. Венс во Швајцарија за разговорите со Иран
Мисајловски на состанокот на НАТО: Македонската Армија се развива со засилено темпо
Велика Британија ќе обезбеди 150 000 дронови и стотици ракети за поддршка на Украина
Пезешкијан: Меморандумот меѓу Иран и САД е историски документ
Радев: Нема да дозволиме санкции за Русија што негативно влијаат на бугарската економија
Нетанјаху му кажа на Трамп дека нема да биде обврзан од договорот меѓу Иран и САД
Казни затвор за родителите на детето убиец од „Рибникар“ од српскиот суд
Првиот француски танкер за течен природен гас го премина Ормускиот теснец од почетокот на војната
Божиновска: Го заштитивме македонскиот рубин
Љатифи Азизи: Владата го изгласа пуштањето во употреба на „One Stop Shop“ со Република Албанија
Путин повика на засилување на соработката меѓу Русија и земјите од АСЕАН
Турската и шпанската одбранбена индустрија потпишаа договори за стратегиска соработка
„Дали е Нов Зеланд или Израел на прво место?“ Висок дипломат од Киви прашан за ставот кон Газа
Филипинскиот претседател Маркос го покани Путин на самитот за Источна Азија во Манила
Шефот на НАТО вели дека алијансата влегува во фаза на имплементација пред самитот во Анкара