| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Мисајловски на состанокот на НАТО: Македонската Армија се развива со засилено темпо
„Нашата држава прави исчекор во развојот на капацитетите“
Мисајловски на состанокот на НАТО: Македонската Армија се развива со засилено темпо
Мисајловски на состанокот на НАТО: Македонската Армија се развива со засилено темпо / Other

Македонската Армија се развива со засилено темпо, а државата континуирано инвестира во зајакнувањето на одбранбените капацитети, порача министерот за одбрана на Северна Македонија, Владо Мисајловски, на состанокот на НАТО во Брисел.

Мисајловски, како што се наведува во соопштението на Министерството за одбрана, истакнал дека земјата е силно посветена на развојот на националните одбранбени капацитети, кои се дел од колективната одбрана на Алијансата, нагласувајќи дека тоа е видливо преку зголемените инвестиции, процесот на модернизација и опремување, како и исполнувањето на НАТО-целите на способности.

„Нашата држава прави исчекор во развојот на капацитетите“, изјави министерот, посочувајќи дека изминатата година во земјата пристигнала значајна воена опрема, што, заедно со развојот на човечките ресурси, овозможило Лесната пешадиска баталјонска група да биде оценета како борбено способна за извршување мисии во согласност со НАТО-стандардите.

На маргините на состанокот Мисајловски оствари повеќе билатерални разговори, меѓу кои и средба со грчкиот министер за национална одбрана Никос Дендијас, на која е разговарано за заедничката стратегиска определба за мирен и стабилен регион и зајакнување на колективната одбрана.

На средбата е истакната и отворената и искрена комуникација меѓу двете земји, која „придонесува за континуиран раст на одбранбената соработка и реализацијата на годишниот план за соработка“.

Мисајловски посочи дека инвестициите во одбраната и безбедноста, како и вложувањата во транспортната мрежа на коридорите 8 и 10, придонесуваат за посилна одбрана и поголема безбедност за граѓаните на двете земји.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Шефот на НАТО вели дека алијансата влегува во фаза на имплементација пред самитот во Анкара
Фидан: Договорот меѓу САД и Иран зависи од решавањето на техничките прашања
Мицкоски: Местото ни е во ЕУ, но без отстапки за идентитетот, ова е нашата црвена линија
Еден израелски војник убиен, седум повредени во експлозија во Либан
Украина погоди рафинерија за нафта во Москва во напад со дронови
Шарив: Склучен е Меморандумот меѓу САД и Иран, а ќе се потпише во Швајцарија
Европскиот парламент го оценува напредокот на пет земји од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ
Пентагон го користел ВИ моделот Грок на Маск и Палантир за воени напади врз Иран
Мерц: Германската влада може да побара одобрение од Бундестагот за воена мисија во Ормутсиот теснец
Израел одобри изградба на еврејско религиозно училиште во Хеброн, во окупираниот Западен Брег
Италија одобри партнерство за производство на дронови меѓу Леонардо и турскиот Бајкар
Мицкоски: Очекувам десетици потенцијални турски инвестиции по бизнис-форумот во Истанбул
Трамп: Договорот со Иран не е финален, можна е обнова на нападите
Руте: САД јасно ставија до знаење дека се посветени на НАТО
Еден од најголемите полупотопни бродови со кран во светот поминува низ Босфорот