| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Божиновска: Го заштитивме македонскиот рубин
„Го заштитивме македонскиот рубин. Му благодарам на Геолошкиот завод за соработката. Веќе имаме нешто македонско заштитено. Продолжуваме понатаму со заштита и на одредени видови мермер“, рече Божиновска.
Божиновска: Го заштитивме македонскиот рубин
Божиновска: Го заштитивме македонскиот рубин / Other

Министерката за енергетика Сања Божиновска денеска соопшти дека пристигнало решението со кое и официјално се заштитува македонскиот рубин како наш, македонски полускапоцен камен.

„Го заштитивме македонскиот рубин. Му благодарам на Геолошкиот завод за соработката. Веќе имаме нешто македонско заштитено. Продолжуваме понатаму со заштита и на одредени видови мермер“, рече министерката на брифинг со новинарите.

Рубинот што се вади во земјава е геолошки и естетски уникат: познат е како корунд со карактеристична малиново-розева боја, што се јавува поради присуството на хром во неговата кристална структура. Се наоѓа исклучиво во околината на Прилеп и во планините на Мариово, што го прави единствен природен рубин во копнената Европа што се обработува локално. Покрај својата естетска и колекционерска вредност, македонскиот рубин претставува дел од културното и историското наследство на земјата – симбол на природната убавина и националната гордост.

Активностите за заштита на македонскиот рубин почнаа во септември 2025 година.

Божиновска на брифингот информира за сработеното во втората година од постоењето на Министерството за енергетика.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Нетанјаху му кажа на Трамп дека нема да биде обврзан од договорот меѓу Иран и САД
Казни затвор за родителите на детето убиец од „Рибникар“ од српскиот суд
Првиот француски танкер за течен природен гас го премина Ормускиот теснец од почетокот на војната
Божиновска: Го заштитивме македонскиот рубин
Љатифи Азизи: Владата го изгласа пуштањето во употреба на „One Stop Shop“ со Република Албанија
Путин повика на засилување на соработката меѓу Русија и земјите од АСЕАН
Турската и шпанската одбранбена индустрија потпишаа договори за стратегиска соработка
„Дали е Нов Зеланд или Израел на прво место?“ Висок дипломат од Киви прашан за ставот кон Газа
Филипинскиот претседател Маркос го покани Путин на самитот за Источна Азија во Манила
Шефот на НАТО вели дека алијансата влегува во фаза на имплементација пред самитот во Анкара
Фидан: Договорот меѓу САД и Иран зависи од решавањето на техничките прашања
Мицкоски: Местото ни е во ЕУ, но без отстапки за идентитетот, ова е нашата црвена линија
Еден израелски војник убиен, седум повредени во експлозија во Либан
Украина погоди рафинерија за нафта во Москва во напад со дронови
Шарив: Склучен е Меморандумот меѓу САД и Иран, а ќе се потпише во Швајцарија