| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Реал, ПСЖ, Арсенал и Спортинг првите четвртфиналисти во Лигата на шампионите
Спортинг го победи Бодо/Глимт со 5:0 по продолженијата во реваншот од осминафиналето во Лисабон, со што ја надомести негативата од три гола од првиот натпревар во Норвешка
Реал, ПСЖ, Арсенал и Спортинг првите четвртфиналисти во Лигата на шампионите
Откако првиот дуел во Мадрид заврши со победа на „кралевите“ со 3:0, во реваншот вечерва Реал славеше со 2:1 со двата гола на Винисиус / Reuters
17 март 2026

Реал Мадрид, ПСЖ, Арсенал и Спортинг се првите четри тима кои обезбедија пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Актуелниот европски шампион ПСЖ и мадридски Реал два пати ги совладаа англиските Челзи и Манчестер Сити, а Арсенал го доби реваншот со Леверкузен.

Во Манчестер, најтрофејниот европски тим со вкупни 5:1 го елиминира англискиот шампион Сити.

Откако првиот дуел во Мадрид заврши со победа на „кралевите“ со 3:0, во реваншот вечерва гостите од Мадрид славеа со 2:1.

Двата гола за Реал ги постигна Бразилецот Винисиус. Реал поведе во 22.минута со голот од пенал, на кој претходеше црвениот картон за Бернардо Силва, поради игра со рака. И со играч помалку Сити постигна гол преку Халанд во 41. минута за израмнување на 1:1. Кога сите очекуваа крај, Винисиус во судиското дополнение со својот втор гол ги постави конечните 2:1.

Европскиот првак ПСЖ беше втор пат подобар од Челзи.

По париските 5:2, „светците“ вечерва славеа со 3:0. Кварацкелија (6.минута), Баркола (15) и Мајулу (62), беа стрелци на головите за ПСЖ.

На вториот натпревар одигран вечерва во Лондон, тимот на Арсенал го победи Баер од Леверкузен со 2:0.

Првиот меч во Германија заврши без победник 1:1, па англиската екипа обезбеди место меѓу осумте најдобри. Стрелци на головите за „топчиите“ од Лондон беа, Еберечи Езе (36.минута) и Деклан Рајс (63).

Спортинг Лисабон го победи 5:0 Бодо/Глимт по продолженија, откако во регуларните 90 минути беше 3:0.

Со тоа заврши бајката на Бодо кој беше најпријатно изненадување во ЛШ, но вечерва беа тотално немоќни. Во четвртфиналето, португалскиот тим ќе се сретне со Арсенал, нешто што не се очекуваше откако првиот дуел во Норвешка го доби Бодо со 3-0. Така Розенборг остана единствен норвешки тим кој стигнал до четвртфинале во ЛШ.

Во среда ќе ги дознаеме последните четири учесници во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Барселона и Њукасл ќе играат од 18:45 часот (прв натпревар 1:1), а од 21 часот ќе се сретнат Ливерпул - Галатасарај (0:1), Баерн - Аталанта (6:1) и Тотенхем - Атлетико Мадрид (2:5).

Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири