Земјотрес со магнитуда од 5,8 степени ја погоди покраината Ќингхај во западна Кина во вторник, неколку минути откако земјотрес со магнитуда од 5,7 степени го погоди истиот регион, според Геолошкиот завод на САД.
Првиот земјотрес се случил во 11:16 часот по локално време (03:16 GMT) на длабочина од 10 километри (6,2 милји), додека вториот се случил во 11:34 часот (03:34 GMT) на иста длабочина.
Нема непосредни извештаи за жртви, повредени или штети, според кинеските власти.



















