| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Тошковски: Водата во Гостивар може да се користи како техничка
„По повеќекратни испитувања на водата имаме добиено потврда од страна на експертите од анализите коишто се правени, дека може да се користи како техничка вода, но не може сè уште да се користи како вода за пиење.“
Тошковски: Водата во Гостивар може да се користи како техничка
Тошковски: Водата во Гостивар може да се користи како техничка

Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за приготвување храна. Ќе продолжи испораката на флаширана вода, информира денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Панче Тошковски.

Според него, сè уште не немало потврда согласно мерењата дека може да се користи за пиење, ниту пак за подготвување храна.

„По повеќекратни испитувања на водата имаме добиено потврда од страна на експертите од анализите коишто се правени, дека може да се користи како техничка вода, но, пак ќе повторам, не може сè уште да се користи како вода за пиење или пак за приготвување на храна“, подвлече Тошковски.

​Во делот на обезбедување на флаширана вода за пиење, нагласи дека ќе продолжат со достави како и претходните денови.

„Во координација сме со општината во делот на сето она коешто треба да се преземе и понатаму. Сакам лично да изразам огромна благодарност, прво на гостиварчани за нивното разбирање, потоа на сите експерти и луѓе коишто беа вклучени на терен. Тие се тие коишто ги превземаа сите професионални активности во делот на хиперхлорирање, поставување апаратура за да дојдеме до оваа фаза, техничка вода за употреба, а се надевам за брзо ќе ја известиме јавноста точно кога и повторно ќе дојдеме до вода за пиење“, информира Тошковски.

Упати апел до директорите на јавни претпријатија и сите кои имаат директно или индиректно поврзаност со квалитетот на водата дека здравјето и безбедноста на граѓаните се приоритет со кој нема играње.

„Секој еден кој што е одговорен за преземање на дејствија согласно закон максимално треба да се посвети, особено во делот на обезбедување на квалитетна вода за пиење. Да упатам порака во иднина до сите одговорни во рамки на општините на територија на Македонија, се надевам дека ова ќе биде за памет и еднаш засекогаш понатаму ќе постапуваат максимално професионално и во рамки на нивните со закон утврдени надлежности во делот на контрола на квалитетот на водата. Заради тоа што со здравјето на граѓаните и со безбедноста на граѓаните играње нема и треба максимално професионално и сериозно да се сфати секоја една одговорност, особено одговорноста поврзана со водата, дали техничка вода за користење или пак вода за пиење“, истакна Тошковски, пренесува МИА.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ОАЕ го осудуваат палењето на две џамии на Западниот Брег од страна на израелските окупатори
Пет алпинисти од Босна и Херцеговина загинаа на Елбрус
Јемен следното бојно поле во конфликтот меѓу САД и Иран?
Садик Ахмет и бескрајниот отпор на Турците од Западна Тракија
Што е Планината Пикакс, место кое Трамп се закани дека ќе го нападне?
Источното крило на Европа се насочува кон Туркије во услови на нови безбедносни реалности
Борба за моќ во Иран: Дали тврдокорните ја блокираат дипломатијата со САД?
Зулфиќар Зејнула избран за нов министер без ресор
Трамп: Би било многу лошо за Кина и Русија ако обезбедуваат оружје за Иран
Медиуми: Нетанјаху следната недела во САД на средба со Трамп
Средба на Фидан со претставничката на Гутереш за Кипар
Почесниот конзулат на Летонија во Славјанск оштетен при руски напад
Ердоган: Организирањето на Самитот на НАТО во Анкара  е извор на голема гордост и среќа
Израел ќе спроведе голема воена офанзива на делови од окупираниот Западен Брег
Седницата за гласање недоверба на Владата на Србија е закажана за понеделник