| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Аналитичари: Фудбалерите се повеќе купуваат нисколигаши поради заработка и престиж
Роналдо, кој игра во Саудиска Арабија, рече дека Алмерија има „потенцијал за раст“, а клубот објави дека влегувањето во сопственичката структура на еден од најпознатите фудбалери ќе му биде од голема помош.
Аналитичари: Фудбалерите се повеќе купуваат нисколигаши поради заработка и престиж
Аналитичари: Фудбалерите се повеќе купуваат нисколигаши поради заработка и престиж / TRT Balkan

Најплатените фудбалери во светот сè повеќе купуваат помали фудбалски клубови со цел да го искористат нивниот раст или, пак, на тој начин да отворат други деловни можности во тие средини, оценуваат аналитичарите, пренесува МИА.

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси (38) претходно оваа седмица го купи каталонскиот петтолигаш Корнеља. Неколку недели претходно, 41-годишниот Португалец Кристијано Роналдо купи 25 проценти од акциите во шпанскиот второлигаш Алмерија преку неговата компанија CR7 Sports.

Роналдо, кој игра во Саудиска Арабија, рече дека Алмерија има „потенцијал за раст“, а клубот објави дека влегувањето во сопственичката структура на еден од најпознатите фудбалери ќе му биде од голема помош.

Хрватскиот капитен и играч на Милан, Лука Модриќ, пред една година купи удел во Свонси, кој се натпреварува во втората англиска лига.

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, купи 80 проценти од акциите во францускиот клуб од втора лига, Кан, во 2024 година. Пике, поранешен дефанзивец на Барселона, го купи тимот од пониска лига, Андора, во 2018 година.

„Причините за инвестирање не се исти. Играчи како Роналдо или Жерар Пике покажаа јасна деловна ориентација и бараат економска добивка. Претпоставувам дека Мбапе, исто така, очекува да оствари профит“, изјави претседателот на Здружението за спортска економија на Шпанија, Анхел Антонио Барахас Алонсо, за шпанскиот весник „АС“.

„За да се подготват за животот по професионалниот фудбал, играчите порано купуваа кафулиња или ресторани. Денес, оние со многу акумулирани пари стануваат инвеститори“, изјави економистот специјализиран за спорт, Жан-Паскал Гијант, за весникот „Монд“.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Од полноќ поевтинуваат и бензините и дизелот
Израелски војник со чекан уништил статуа на Исус во  јужен Либан, Нетанјаху го осуди инцидентот
Муцунски-Шакалиев: Подготвеност за продлабочување на економската соработка
Румен Радев, поранешниот бугарски претседател и шеф на воздухопловните сили, се враќа на власт
САД одобрија продажба на руска нафта за уште еден месец
Косово ја прогласи Иранската револуционерна гарда за „терористичка организација“
Шпанија ја критикува Мачадо за „идеолошка“ посета и состаноци на крајнодесничарите
Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
Нетанјаху не се појави на судењето за корупција поради „безбедносно-дипломатски причини“
Амбасадорот во ОН, Валц, вели дека САД „никогаш нема да заземат пристап на доверба“ кон Иран
Иран нападна американски бродови како одмазда за запленувањето на товарен брод
Во главниот град на Нов Зеланд прогласена вонредна состојба по поплавите предизвикани од дожд
Филипинската армија тврди дека убила 19 осомничени антивладини борци
Емиратите ќе побараат директна финансиска помош од САД ако продолжи војната
САД уништи нов сомнителен нарко-брод во Карибите