Данскиот Парламент го одобри учеството на земјата со свој воен контингент во рамките на мултинационалната мисија во Ормускиот Теснец.
Законодавците одлучија Данска да испрати офицери, преведувачи и беспилотни летала во регионот како дел од мултинационалната мисија предводена од Велика Британија и Франција, чија цел е заштита на слободата на пловидбата во теснецот, како и дел од поморската операција на ЕУ.
Во данскиот контингент има околу 10 лица, односно штабни офицери, единица со беспилотни летала и тим преведувачи.
Во рамките на данските воени напори можно е да бидат вклучени и капацитети за киберодбрана.
Откако САД и Израел започнаа да извршуваат воздушни напади врз Иран кон крајот на февруари, тензиите во регионот ескалираа, што доведе до иранска одмазда врз Израел и другите земји во регионот каде што се наоѓаат американски воени капацитети.
Иран и САД постигнаа договор од 14 точки со посредување на Пакистан, кој стапи на сила на 18 јуни, а електронски го потпишаа иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и претседателот на САД, Доналд Трамп.
Договорот вклучува одредби поврзани со ставање крај на војната, вклучително и во Либан, повторно отворање на Ормускиот Теснец и укинување на американската поморска блокада наметната на Иран.

















