| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Од полноќ пониски цени на дизелот и на Еуросупер БС-95
Литар дизел од полноќ ќе се продава по 89,50 денари, што е за четири денари помалку во споредба со минатата недела, а намалување има и кај бензинот Еуросупер БС-98, чија цена се намалува за половина денар и ќе изнесува 86,50 денари за литар
Од полноќ пониски цени на дизелот и на Еуросупер БС-95
Без промена останува цената на Eуросупер БС-95, кој и во текот на оваа недела ќе се точи по 85 денари за литар / AP

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 1,78 проценти.

Литар дизел од полноќ ќе се продава по 89,50 денари, што е за четири денари помалку во споредба со минатата недела. Намалување има и кај бензинот Еуросупер БС-98, чија цена се намалува за половина денар и ќе изнесува 86,50 денари за литар.

Без промена останува цената на Еуросупер БС-95, кој и во текот на оваа недела ќе се точи по 85 денари за литар.

Значително поевтинување има и кај екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), кое ќе се продава по 94 денари за литар, односно за 4,50 денари пониско од досегашната цена.

Од друга страна, цената на мазутот М-1 НС бележи благо зголемување. Новата цена ќе изнесува 49,968 денари за килограм, што претставува поскапување од 0,248 денари.

Од Регулаторната комисија посочуваат дека новите цени се формирани врз основа на движењата на светските пазари. Во анализираниот период, референтните цени на нафтените деривати бележат намалување кај бензините за 0,444 проценти, кај дизелот за 6,073 проценти и кај екстра-лесното масло за 6,495 проценти. Истовремено, цената на мазутот е зголемена за 0,791 процент.

Влијание врз конечните цени има и курсот на денарот во однос на американскиот долар, кој во истиот период е понизок за 0,1199 проценти.

Повеќе
Поучниот анимиран филм „Кликни безбедно“ достапен на Ју Тјуб на три јазици
Од полноќ пониски цени на дизелот и на Еуросупер БС-95
Мицкоски: Коридорите 8 и 10 наш најголем приоритет, неделава тендер за гасоводот со Србија
Кос: Во Европската Унија има место за сите држави од Западен Балкан
ЕУ се согласи на санкции насочени кон израелските окупатори на Западниот Брег
Турско-белгиски бизнис форум: Стремеж кон подлабоки трговски односи и инвестициски врски
Ердоган: Геополитичките промени ја нагласуваат потребата од поблиски односи меѓу Туркије и ЕУ
Прево: Белгија гледа значаен потенцијал за продлабочување на стратегиското партнерство со Туркије
Евровизија се соочува со обновени критики за „ционистичко перење“ околу Израел
Судот во Бангладеш забранува откривање на полот на нероденото дете
Трамп ќе ја посети Кина за прв пат по девет години
САД репатрираат 17 граѓани од крузер по појавата на хантавирус
Франција го потврди првиот случај на хантавирус од крузерот МВ Хондиус
Израелски воен наредник убиен во борби на границата со Либан
Иран ќе бара компензација од САД и го одби планот на Трамп