| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Дизелот поскапува за 5,50 денари, бензините за 1,50 денари
Од РКЕ информираат дека корекцијата е направена поради растот на референтните цени на нафтените деривати на светските берзи, особено кај дизелот, како и поради промената на курсот на денарот во однос на американскиот долар
Дизелот поскапува за 5,50 денари, бензините за 1,50 денари
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе биде 88 денари, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 87, а БС- 98 за 89 денари

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемува за 5,50 денари, а на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 зголемуваат за 1,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 4,50 за литар, а Мазутот М-1 НС за 0,938 денари за килограм.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 88,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС- 95 ќе се продава за 87,00, ЕУРОСУПЕР БС- 98 за 89,00, Екстра лесното масло за 86,00 денари, а килограм Мазут М-1 НС за 42,168 денари.

Од РКЕ информираат дека корекцијата е направена поради растот на референтните цени на нафтените деривати на светските берзи, особено кај дизелот, како и поради промената на курсот на денарот во однос на американскиот долар.

Повеќе
Кремљ: Внимателно ќе го следиме Самитот на подготвените за Украина
Алиев: Односите меѓу Туркије и Азербејџан се модел што треба да го земат како пример соседните земји
Израелската армија урива и пали куќи во јужен Либан и покрај рамковниот договор
Кина пак апелира за слободен и безбеден сообраќај низ Ормуз по обновените напади меѓу САД и Иран
Турскиот и египетскиот министер за одбрана на средба за проширување на безбедносната соработка
Собранието разреши седум министри во рамки на реконструкцијата на Владата
Мицкоски: Реконструкцијата на Владата носи нова енергија, ново темпо и уште поголема одговорност
Дизелот поскапува за 5,50 денари, бензините за 1,50 денари
Јилмаз: Силната одбранбена индустрија е клучна за стратешката независност на Туркије
Туркије достави 30 тони хуманитарна помош за Венецуела по катастрофалните земјотреси
ЦЕНТКОМ: САД завршија нов бран напади врз Иран
Иран тврди дека ги погодил американските воени објекти во Бахреин и радарските системи во Оман
Министрите за надворешни работи на ЕУ разговараат за новите санкции кон Русија
Зеленски ја смени премиерката Свириденко, најави реконструкција на украинската влада
Иран го затвори Oрмуз, ги напаѓа земјите од Персискиот Залив по нападите на САД