| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Средба Минчев-Буноза во Будва: Во фокусот продлабочување на соработката
Средбата беше посветена на продлабочување на досегашната билатерална соработка меѓу двете институции, при што беа разгледани можностите за потпишување на меморандум за соработка како основа за поинтензивна и структурирана идни партнерска интеракција
Средба Минчев-Буноза во Будва: Во фокусот продлабочување на соработката
Средба Минчев-Буноза во Будва: Во фокусот продлабочување на соработката / Other

На маргините на Министерската конференција што се одржува во Будва, во рамки на Берлинскиот процес, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари билатерална средба со министерот за правда на Босна и Херцеговина, Давор Буноза.

Според соопштеното, средбата беше посветена на продлабочување на досегашната билатерална соработка меѓу двете институции, при што беа разгледани можностите за потпишување на меморандум за соработка како основа за поинтензивна и структурирана идни партнерска интеракција.

Во фокусот на разговорите беа реформата на јавната администрација, унапредувањето на институционалните и административните капацитети, како и размената на искуства и добри практики во насока на зголемување на ефикасноста, транспарентноста и квалитетот на јавните услуги.

Соговорниците ја потврдија заедничката определба за натамошно јакнење на соработката и континуирана размена на знаења и експертиза, со цел поддршка на реформските процеси и усогласување со европските стандарди.

Во рамки на конференцијата, министерот Минчев е предвидено да се обрати на утрешниот министерски состанок, при што ќе има и свое излагање посветено на актуелните предизвици и приоритети во областа на реформата на јавната администрација, како и на унапредувањето на регионалната соработка во контекст на европската интеграција.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Од полноќ поевтинуваат и бензините и дизелот
Израелски војник со чекан уништил статуа на Исус во  јужен Либан, Нетанјаху го осуди инцидентот
Муцунски-Шакалиев: Подготвеност за продлабочување на економската соработка
Румен Радев, поранешниот бугарски претседател и шеф на воздухопловните сили, се враќа на власт
САД одобрија продажба на руска нафта за уште еден месец
Косово ја прогласи Иранската револуционерна гарда за „терористичка организација“
Шпанија ја критикува Мачадо за „идеолошка“ посета и состаноци на крајнодесничарите
Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
Нетанјаху не се појави на судењето за корупција поради „безбедносно-дипломатски причини“
Амбасадорот во ОН, Валц, вели дека САД „никогаш нема да заземат пристап на доверба“ кон Иран
Иран нападна американски бродови како одмазда за запленувањето на товарен брод
Во главниот град на Нов Зеланд прогласена вонредна состојба по поплавите предизвикани од дожд
Филипинската армија тврди дека убила 19 осомничени антивладини борци
Емиратите ќе побараат директна финансиска помош од САД ако продолжи војната
САД уништи нов сомнителен нарко-брод во Карибите