| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Њујорк тајмс: САД и Израел подготвуваат можни нови воени напади врз Иран уште оваа недела
Како една од можностите се споменува специјална операција за преземање на иранските залихи на високо збогатен ураниум, за кој САД и Израел тврдат дека може да се користи за производство на нуклеарно оружје
Њујорк тајмс: САД и Израел подготвуваат можни нови воени напади врз Иран уште оваа недела
Аналитичарите проценуваат новите воздушни напади тешко би можеле да го принудат Иран да ги прифати американските барања / Reuters

Соединетите Американски Држави и Израел подготвуваат можни нови воени операции против Иран оваа недела, пишува денес Њујорк тајмс, повикувајќи се на информирани извори.

Двајца претставници од Блискиот Исток изјавија дека САД и Израел интензивно се подготвуваат за можни нови напади врз Иран, најголеми откако стапи на сила прекинот на огнот.

Според американски и блискоисточни извори, Пентагон размислува за продолжување на операцијата „Епски бес“, која беше суспендирана откако Трамп прогласи прекин на огнот минатиот месец.

Аналитичарите проценуваат дека Вашингтон се соочува со сериозна дилема, бидејќи само новите воздушни напади тешко би можеле да го принудат Иран да ги прифати американските барања.

Како една од можностите се споменува специјална операција за преземање на иранските залихи на високо збогатен ураниум, за кој САД и Израел тврдат дека може да се користи за производство на нуклеарно оружје.

Сепак, експертите предупредуваат дека таквата акција би можела дополнително да ги загрози американските војници и да ја ослабне јавната поддршка во САД за продолжување на војната.

Њујорк тајмс потсетува дека американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Иран со нови воени напади доколку Техеран не се согласи со барањата на САД во врска со нуклеарната програма.

Во објава на социјалните мрежи, американскиот претседател му порача на Иран дека мора да дејствува брзо „или нема да остане ништо“, додавајќи дека „часовникот отчукува“.

Преговорите меѓу САД и Иран за нуклеарната програма се во застој со недели, додека Вашингтон бара значително ограничување на збогатувањето на ураниум од страна на Иран и прекин на обидите за блокирање на Ормускиот Теснец, клучен поморски пат за транспорт на нафта и гас, забележува весникот.

Повеќе
Туркије ја осуди израелската интервенција врз хуманитарната флотила кон Газа
Иран: Преговорите со САД продолжуваат со посредување на Пакистан
Албанезе: Земјите од Медитеранот да ја заштитат хуманитарната флотила Сумуд од Израел
Израел изградил две тајни воени бази во Ирак за операции против Иран
Медиуми: Израел „се подготвува да заплени флотила што се упатува кон Газа“ во меѓународни води
Киев тврди дека руските трупи нападнале кинески трговски брод во украинските територијални води
Вучиќ: Посетата на Кина ќе биде најзначајната во последните 30 години
Калас: САД, Кина и Русија не ја сакаат силна и обединета Европа
Фидан утре во Берлин: Клучни разговори за ЕУ, трговијата и Блискиот Исток
САД: Примирјето меѓу Израел и Либан продолжено за 45 дена по разговорите во Вашингтон
Јилдиз: Сирија се движи кон стабилност и покрај регионалните превирања
Жените од Кајсери ги претвораат камењата во кукли, негувајќи ја анадолската култура
Аргентина го измени Законот за глечери: Како ќе влијае врз природните ресурси?
Блеф или фалење: Зошто Нетанјаху вели дека Израел сака да одбие американски пари?
Од нафта до гас, како Туркије го обезбеди својот енергетски вишок