Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека се сретнал со високи претставници на Обединетите Арапски Емирати, при што разговорите биле фокусирани на билатералните односи и регионалните прашања.
„Ова беше исклучително продуктивна посета во поглед на разгледувањето на односите меѓу нашите земји и оценувањето на проблемите со кои се соочува нашиот регион“, објави Фидан на социјалните мрежи.
Тој истакна дека во ОАЕ отпатувал веднаш по учеството на настаните одржани на маргините на 81. Генерално собрание на ОН во Њујорк.
Во Абу Даби, Фидан беше примен од претседателот на ОАЕ, шеикот Мухамед бин Зајед aл Нахјан. Тој, исто така, одржа средби со потпретседателот на ОАЕ, шеикот Мансур бин Зајед aл Нахјан, и советникот за национална безбедност, шеикот Тахнун бин Зајед aл Нахјан.
„Турција ќе продолжи да ја зајакнува регионалната солидарност и да одржува дипломатски контакти за мирот и просперитетот на нашиот регион“, додаде тој.






















