| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Муцунски од Братислава: Потребна е засилена динамика на проширувањето на ЕУ
Муцунски на Министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“ ја истакна важноста од забрзување на процесот на проширување, со посебен фокус на отстранувањето на пречките за непречена трговија
Муцунски од Братислава: Потребна е засилена динамика на проширувањето на ЕУ
Групата „Пријатели на Западен Балкан“ ја сочинуваат Италија, Австрија, Грција, Чешка, Словачка, Хрватска и Словенија / Others

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денес во Братислава присуствуваше на Министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“, на покана на словачкиот министер за надворешни и европски работи Јурај Бланар.

Групата „Пријатели на Западен Балкан“ ја сочинуваат Италија, Австрија, Грција, Чешка, Словачка, Хрватска и Словенија, а формирана е со цел забрзување на пристапниот процес и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија (ЕУ).

Според соопштението на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на состанокот биле разменети мислења за актуелните предизвици на политиката на проширување во актуелниот геополитички контекст, стратегиската соработка со регионот, економскиот развој и безбедноста. Во разговорите, како што се наведува, преовладувала силна поддршка за нова, засилена динамика на пристапниот процес, како и за потребата од храбри и стратегиски одлуки во насока на проширувањето на Унијата.

Во своето обраќање Муцунски ја истакнал важноста од забрзување на процесот на проширување, со посебен фокус на отстранувањето на пречките за непречена трговија со Европската Унија во контекст на европските регулативи што го забавуваат пристапот до внатрешниот пазар на Унијата.

Тој посочил дека концептот на постепена интеграција треба дополнително да се надгради со нови иницијативи што ќе овозможат поактивно учество на земјите од регионот во креирањето на политиките на Европската Унија и ќе донесат директни придобивки за граѓаните.

Муцунски се осврнал и на евроинтеграцијата на државата, Планот за раст и посветеноста на реформите како предуслов за користење на новите средства од Унијата.

Наедно, тој го нагласил значењето на инфраструктурните проекти, посочувајќи дека Република Северна Македонија претставува точка на пресек на Паневропските коридори 8 и 10, кои имаат значајна економска, безбедносна и геостратегиска важност за регионот и Европа.

Повеќе
Поучниот анимиран филм „Кликни безбедно“ достапен на Ју Тјуб на три јазици
Од полноќ пониски цени на дизелот и на Еуросупер БС-95
Мицкоски: Коридорите 8 и 10 наш најголем приоритет, неделава тендер за гасоводот со Србија
Кос: Во Европската Унија има место за сите држави од Западен Балкан
ЕУ се согласи на санкции насочени кон израелските окупатори на Западниот Брег
Турско-белгиски бизнис форум: Стремеж кон подлабоки трговски односи и инвестициски врски
Ердоган: Геополитичките промени ја нагласуваат потребата од поблиски односи меѓу Туркије и ЕУ
Прево: Белгија гледа значаен потенцијал за продлабочување на стратегиското партнерство со Туркије
Евровизија се соочува со обновени критики за „ционистичко перење“ околу Израел
Судот во Бангладеш забранува откривање на полот на нероденото дете
Трамп ќе ја посети Кина за прв пат по девет години
САД репатрираат 17 граѓани од крузер по појавата на хантавирус
Франција го потврди првиот случај на хантавирус од крузерот МВ Хондиус
Израелски воен наредник убиен во борби на границата со Либан
Иран ќе бара компензација од САД и го одби планот на Трамп