| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
САД: Демократските сенатори поднесоа резолуција за спречување на употреба на војската против Куба
Резолуцијата на демократските сенатори е поднесена во време кога администрацијата на Трамп го зголемува притисокот врз кубанската влада со обвинение против поранешниот претседател Раул Кастро
САД: Демократските сенатори поднесоа резолуција за спречување на употреба на војската против Куба
Сенаторите потсетија на повторените закани на Трамп дека ќе испрати американски трупи на Куба со цел да се промени владата во таа островска земја / AP

Група американски сенатори од редовите на Демократската партија денес поднесоа резолуција со која бараат американскиот претседател Доналд Трамп да биде спречен да ја користи војската против Куба, објавија американските медиуми.

Резолуцијата на демократските сенатори е поднесена во време кога администрацијата на Трамп го зголемува притисокот врз кубанската влада со обвинение против поранешниот претседател Раул Кастро, објавува Ројтерс.

Демократите Тим Кејн од Вирџинија, Адам Шиф од Калифорнија и Рубен Галего од Аризона поднесоа Резолуција за воени овластувања за да ја блокираат употребата на американските вооружени сили против Куба.

Во своето објаснување, сенаторите потсетија на повторените закани на Трамп за испраќање американски трупи во Куба со цел промена на владата во таа островска земја.

Дополнително, тие цитираа извештаи дека на Јужната команда на американската војска ѝ е наредено да подготви планови за напад, иако Куба не претставува значителна закана за националната безбедност на САД.

„Американската војска е најдобра во светот, но нашите војници не треба да бидат изложени на опасност ако нема јасна корист за Соединетите Американски Држави“, рече сенаторот Кејн, еден од иницијаторите на конгресната иницијатива за спроведување на уставната одредба според која законодавното тело, а не претседателот, има овластување да објави војна.

Иако членовите на Конгресот, вклучително и некои републиканци, се загрижени за одлуките на Трамп за распоредување на американските сили низ целиот свет, не е јасно како резолуцијата за воените овластувања за Куба би поминала во Сенатот, каде што републиканците на Трамп имаат мнозинство од 53-47.

Минатиот месец, Сенатот гласаше по партиска линија, 51 наспроти 47, за блокирање на слична резолуција за воените овластувања за Иран.

Повеќе
Дел од земјите членки на ЕУ предлагаат „чекор по чекор“ интегрирање на Западен Балкан
ЕУСАИР: Регионалната соработка останува клучна за европската интеграција на Западен Балкан
Путин: Oдносите меѓу Русија и Кина се на историски највисоко ниво
Вучиќ патува во посета на Кина
Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за трговскиот договор со САД
Путин и Си потпишаа декларација за мултиполарен свет на самитот во Пекинг
САД покрена нова истрага против Мадуро преку обвинителството во Мајами
Трамп: САД многу брзо ќе стават крај на војната со Иран
Туркиjе ја предупреди Грција да не ја искривува историјата поради тврдењата за Понт
Еболата се шири брзо во централна Африка, СЗО прогласи вонредна состојба
Кандидатурата на Јанез Јанша за премиер поднесена до Народното собрание
Трамп: САД можеби ќе мора повторно да го нападнат Иран, Техеран моли за договор
Сириски војник загина, неколкумина се повредени во бомбашки напад со автомобил во Дамаск
Хрватска усвои закон за долгорочни визи за македонските камионџии
„Нема да престанам“, изјави Бен-Гвир по извештаите дека МКС подготвува потерница против него