Претседателот на Собранието на Албанија, Нико Пелеши, изјави дека напредокот на Албанија кон европското семејство претставува позитивен сигнал за земјите од Западен Балкан.
Пелеши на средба во Собранието на Албанија го прими претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши.
„Пријателските односи меѓу двете земји, интензивирањето на соработката и парламентарните размени, правата на Албанците во соседната земја и членството во Европската Унија беа во фокусот на нашата средба. Напредокот на Албанија кон европското семејство е позитивен и охрабрувачки сигнал за сите земји од Западен Балкан“, напиша Пелеши на социјалните мрежи по средбата со колегата Гаши.
Гаши, ја посети Албанија во рамките на Самитот на албанската дијаспора, при што се сретна и со други високи претставници на земјата.











