| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Ново поскапување на дизелот, намалена цената на ЕУРОСУПЕР БС-95
Дизелот поскапува за 2,5 денари и ќе чини 98 денари за литар, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,5 денари и изнесува 83,5 денари за литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 останува непроменета
Ново поскапување на дизелот, намалена цената на ЕУРОСУПЕР БС-95
Со денешната одлука малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,41% во однос на одлуката од 30.3.2026 / AP
пред 11 часа

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите малопродажни цени на нафтените деривати, која вклучува намалување на акцизите и повластена стапка на ДДВ од 10% (освен за мазутот). Одлуката стапува на сила од ноќеска по полноќ.

Дизелот поскапува за 2,5 ден. од полноќ ќе чини 98 ден./литар. Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,5 денари и изнесува 83,5 ден./литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 останува непроменета и изнесува 85,5 ден./литар.

Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) од полноќ ќе се продава по цена од 95,5 ден./литар, додека мазутот М1 НС ќе се продава по цена од 51,311 ден./килограм.

Со денешната одлука малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,41% во однос на одлуката од 30.3.2026 година.

Од Регулаторна укажуваат дека зголемувањето на светските референтни цени и на курсот на денарот би довело до повисоки цени доколку не беа интервенциите на Владата за намалување на акцизите и ДДВ-то.

Регулаторната комисија дополнително ги повика нафтените компании да го вкалкулираат обезбедениот попуст од страна на Владата со главниот добавувач ОКТА, со што граѓаните ќе можат директно да го почувствуваат ефектот: поевтинување од 3 ден/литар за дизел и 2 ден/литар за бензин.

„Доколку не се продолжеше времетраењето на намалениот ДДВ и не се интервенираше во акцизата, цената на бензините ќе беше повисока за 8,50 ден/литар, а дизелот за 12,00 ден/литар“, потенцираат од РКЕ и велат дека интервенцијата овозможува поевтини горива и стабилност на пазарот.

Намалувањето на цените е дел од мерките за заштита на стандардот на граѓаните и стабилноста на економијата во услови на глобални флуктуации на нафтениот пазар.

Регулаторната комисија ја донесе одлуката согласно владината одлука за намалување на акцизите.

„Овозможивме Регулаторната комисија да ги намали акцизите за дизел од 4 денари по литар, а за бензините од 2 денари по литар. Исто така, во разговор со ОКТА, успеавме да обезбедиме дополнителен период од еден месец за попустот од 3 денари за дизел и 2 денари за безоловен бензин. Кога сето ова ќе се стави во функција, за бензините треба да имаме поевтина цена, а за дизел не би требало да имаме покачување на одредени бензински пумпи, и покрај сериозната предизвикувачка состојба во државата“, истакна премиерот Хриситијан Мицкоски.

Премиерот нагласи дека состојбата со резервите на гориво е стабилна.

„Од аспект на количини сме стабилни. Потрошувачката се зголеми од 1,5 милиони литри на 2 милиони литри на ден. Имаме притисок од пограничните места. Ја продолживме мерката за ДДВ од 18 на 10 проценти, со цел да го заштитиме стандардот на граѓаните и бизнисот“, изјави Мицкоски.

Повеќе
Трамп предложи рекорден воен буџет, бара скратувања на другите програми
Палестински земјоделец убиен од нелегални доселеници на сопствената земја кај Ерусалим
Хаифа под оган: Експлозии и голема штета по иранскиот напад
Најмалку 17 загинати во Иран по заеднички напади на САД и Израел
Сеул жали за упадите со дронови во Северна Кореја
Швајцарија ќе го повика израелскиот амбасадор поради законот за смртна казна за Палестинците
Трамп му се закани на Иран со уништување на електраните и мостовите ако нема договор до вторник
Со дозвола од Иран: 15 бродови поминале низ Ормускиот теснец во последните 24 часа
Медиуми: САД и Иран разгледуваат 45-дневен прекин на огнот
Пронајден експлозив кај гасоводот меѓу Србија и Унгарија, Вучиќ разговарал со Орбан
Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10 отсто ќе продолжи до крајот на кризната состојба
Турскиот претседател упати честитки до христијанската заедница за Велигден
Ердоган - Руте: „Геостратешкиот ќорсокак“ се продлабочува околу Иран
Американски борбен авион соборен над Иран
Договорот на Фолксваген со Израел го отсликува неговото најмрачно поглавје со нацистичка Германија