| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Во Охрид се одржува Интерпарламентарен форум на делегациите од ЈИЕ во ПС на ОБСЕ
Во своето обраќање Гаши нагласи дека кибербезбедноста денес не е само техничко прашање, туку тоа е прашање на национална безбедност, економска стабилност и дел од темелите на довербата на граѓаните во институциите.
Во Охрид се одржува Интерпарламентарен форум на делегациите од ЈИЕ во ПС на ОБСЕ
Во Охрид се одржува Интерпарламентарен форум на делегациите од ЈИЕ во ПС на ОБСЕ / Other
27 март 2026

Денес во Охрид се одржува Петтиот интерпарламентарен форум на Делегациите од Југоисточна Европа Во ПС на ОБСЕ.

Темата на овогодинешниот Форум е кибербезбедноста.

Како што соопшти прес-службата на Собранието, претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, во своето обраќање нагласи дека кибербезбедноста денес не е само техничко прашање, туку тоа е прашање на национална безбедност, економска стабилност и дел од темелите на довербата на граѓаните во институциите.

„Улогата на парламентите е да креираат соодветни законски рамки, да обезбедат ефективен надзор и да поттикнат соработка не само на национално, туку и на регионално ниво“, рече Гаши.

Претседателот на ПС на ОБСЕ, Пере Понс преку видео порака порача дека „кибербезбедноста е трансверзално прашање со кое сите се справуваме, сите сме загрижени за тоа како одговараме на кибернападите, заканите по кибербезбедноста и на дезинформациите.“

„Од суштинска важност е институциите да имаат одговори за справување со тековни предизвици“, нагласи Понс.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ОАЕ: Пресретнати шест балистички ракети и девет дронови од Иран
Нето надворешниот долг на крајот на минатата година бил поголем за 102 милиона евра
Дуран: Заштитата на вистината е клучна во „ерата на дезинформации“
Зеленски: Украина и Саудиска Арабија постигнаа важен договор за одбранбена соработка
Ердоган: Меѓународниот систем на победниците во Втората светска војна е во длабока криза
Потписот на Трамп ќе се појави на идната американска хартиена банкнота
Саудиска Арабија: Пресретнати и уништени три дронови
Франција стана првата земја од ЕУ што потпиша договор за „сили во посета“ со Филипините
Дронови го нападнаа најголемото пристаниште во Кувајт
Началникот на Генералштабот на Израел предупреди на недостиг од регрути
Кос: Црна Гора треба да ги забрза реформите на патот кон ЕУ
Иран: Американскиот предлог е „едностран“, но вратата кон дипломатијата е сè уште отворена
Трамп му порача на Иран да „стане сериозен пред да биде предоцна“
Ердоган: Геноцидната мрежа на Нетанјаху заслепена од омраза ја користи религијата како покритие
Анкара „внимателно“ ги следи ризиците во Црното Море поради војната меѓу Украина и Русија