| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Началникот на Генералштабот на Израел предупреди на недостиг од регрути
Недостигот делумно се припишува на отсуството на закон со кој значително би се проширила регрутацијата меѓу харедите, односно еврејската ултраортодоксна популација
Началникот на Генералштабот на Израел предупреди на недостиг од регрути
Началникот на Генералштабот на Израел предупреди на недостиг од регрути / Reuters
пред 14 часа

Началникот на Генералштабот на израелската армија Ејал Замир предупреди дека би можеле да се соочат со внатрешен колапс доколку Владата не го реши проблемот со недостигот на војници.

„Подигнувам 10 црвени знамиња пред ИДФ и сами ќе колабрираат“, изјави Замир на состанокот на Кабинетот за безбедност

Воени извори изразија „огромна загриженост“ поради недостигот, особено во услови на тековната војна, истакнувајќи дека дури и во мирно време ќе бидат потребни повеќе војници на повеќе фронтови, вклучително Газа, Либан, Сирија и Западниот Брег.

Официјални лица предупредија дека без дополнителен персонал „ќе се појават големи празнини“ во оперативната покриеност.

Недостигот делумно се припишува на отсуството на закон со кој значително би се проширила регрутацијата меѓу харедите, односно еврејската ултраортодоксна популација.

Предлог-законот за зголемување на регрутирањето на харедите беше „ставен настрана“ од премиерот Бенјамин Нетанјаху во име на единството на владината коалиција за време на војната.

Опозициските претставници упатија остри критики до Владата по изјавите на Замир, предупредувајќи на пошироки безбедносни ризици.

Членовите на партијата Јеш Атид го опишаа закочениот процес на регрутација како „безбедносна опасност“, додавајќи дека „повеќе не е можно ова да се игнорира“.

„При следната катастрофа Владата не ќе може да каже - не знаевме“, порача опозицискиот лидер Јаир Лапид.

Лидерот на партијата Израел Бејтену, Авигдор Либерман, повика на универзална регрутација, додека поранешниот премиер Нафтали Бенет праша: „Во име божјо, што чекате?“

Поранешниот началник на војската, Гади Ајзенкот, изјави дека задолжителниот воен рок за сите е „потреба на моментот“, додека други политички претставници предупредија дека потпирањето врз резервистите достигнува неодржливо ниво.

Повеќе
Зеленски: Украина и Саудиска Арабија постигнаа важен договор за одбранбена соработка
Ердоган: Меѓународниот систем на победниците во Втората светска војна е во длабока криза
Потписот на Трамп ќе се појави на идната американска хартиена банкнота
Саудиска Арабија: Пресретнати и уништени три дронови
Франција стана првата земја од ЕУ што потпиша договор за „сили во посета“ со Филипините
Дронови го нападнаа најголемото пристаниште во Кувајт
Началникот на Генералштабот на Израел предупреди на недостиг од регрути
Кос: Црна Гора треба да ги забрза реформите на патот кон ЕУ
Иран: Американскиот предлог е „едностран“, но вратата кон дипломатијата е сè уште отворена
Трамп му порача на Иран да „стане сериозен пред да биде предоцна“
Ердоган: Геноцидната мрежа на Нетанјаху заслепена од омраза ја користи религијата како покритие
Анкара „внимателно“ ги следи ризиците во Црното Море поради војната меѓу Украина и Русија
Седлоски: Имаме што да покажеме против силната Данска
Франција свикува итен состанок на Г7 за Блискиот Исток
Трамп ги нарече иранските преговарачи „чудни“ и од нив побара сериозност