| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Иран: Американскиот предлог е „едностран“, но вратата кон дипломатијата е сè уште отворена
Сè уште нема договор за преговори и ниеден план не изгледа реален во оваа фаза, а Туркије и Пакистан се обидуваат да помогнат во воспоставување заедничка основа меѓу Иран и САД и намалување на разликите, изјавил ирански функционер за Ројтерс
Иран: Американскиот предлог е „едностран“, но вратата кон дипломатијата е сè уште отворена
Иран, исто така, ако не се постигне прекин на огнот се закани дека ќе блокирана уште еден клучен морски пат, Црвеното Море и теснецот Баб ал-Мандаб / Reuters
пред 7 часа

Иран го смета мировниот предлог на САД за „едностран и неправеден“, изјави за Ројтерс висок ирански функционер, додавајќи дека може да се постигне напредок ако реалноста преовлада во Вашингтон.

Иран го пренесе својот став до САД преку Пакистан, а функционерот рече дека предлогот бил „детално разгледан од високи ирански функционери и претставник на врховниот лидер на Иран во среда навечер“.

„Накратко, предлогот сугерира дека Иран треба да се откаже од својата одбранбена способност во замена за нејасен план за укинување на санкциите“, рече иранскиот функционер, додавајќи дека предлогот не ги исполнува минималните барања.

Функционерот рече дека „сè уште нема договор за преговори и дека ниеден план за разговори не изгледа реален во оваа фаза“ и дека Туркије и Пакистан се обидуваат да помогнат во „воспоставување заедничка основа меѓу Иран и САД и намалување на разликите“.

Белата куќа во среда соопшти дека САД ќе го погодат Иран „посилно од кога било досега“ ако Техеран не го прифати мировниот предлог на САД.

Иран, исто така, посочи на сопствената способност за ескалација ако не се постигне прекин на огнот. Тој се закани дека ќе преземе мерки за блокирање на уште еден клучен морски пат, Црвеното Море и теснецот Баб ал-Мандаб, кој нуди алтернативен извозен пат за дел од нафтата од Персискиот Залив.

Американската администрација одби да открие детали за планот, но рече дека некои медиумски извештаи се неточни.

Израелски извори тврдат дека планот вклучува отстранување на иранските залихи од збогатен ураниум, запирање на иранската програма за збогатување ураниум, ограничување на иранската програма за балистички ракети и прекинување на иранската поддршка за регионалните сојузници како што е либанскиот Хезболах.

Повеќе
Кина повика да се стави крај на војната на Блискиот Исток
Двајца загинати во Абу Даби по пресретнување на иранска балистичка ракета
Еден израелски војник загина во борбите во јужен Либан
Танкер кој превезувал нафта нападнат со дрон во близина на Истанбул
Писториус: САД и Израел дека немаат јасен воен план за Иран
Аракчи: САД не успеаја да ги постигнат своите воени цели против нас, нема преговори
Фидан разговараше со колегите од Иран, Кина и Пакистан за напорите за завршување на војната
Уставниот суд на Косово го поништи указот на претседателката Османи за распуштање на Собранието
Планот на Израел за купување грчки острови повторно се појавува во време на војната со Иран
Иран го отфрли американскиот план и постави пет услови за да преговара за завршување на војната
Потпишан Меморандум за соработка со технолошкиот гигант Оракл
Сиљановска- Давкова: Околу 80% од македонските граѓаните не сакаат да се менува Уставот
Европската комисија почна постапка што ќе ѝ овозможи на ЕУ да го основа Специјалниот суд за Украина
Туркије и Британија ги продлабочуваат одбранбените врски со нов договор за поддршка на Еурофајтер
Велика Британија понуди да биде домаќин на безбедносен самит за Ормускиот теснец