| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Земјите од ЕУ испратија хеликоптери и тимови за помош на Србија во гаснењето на пожарите
Хеликоптери од Романија и Словачка веќе пристигнаа во Србија и се очекува да започнат со дејствување на пожариштата, додека Чешка испрати два летала за гаснење пожари од воздух
Земјите од ЕУ испратија хеликоптери и тимови за помош на Србија во гаснењето на пожарите
Земјите од ЕУ испратија хеликоптери и тимови за помош на Србија во гаснењето на пожарите / َAA

Србија ја прифати помошта од Европската Унија за гаснење на големите пожари во Специјалниот природен резерват Делиблатска Песчара, а во земјата се испратени хеликоптери од Романија, Словачка и Чешка, како и копнени тимови од Германија и Романија, објавија во саботата регионалните медиуми.

Европската комесарка за еднаквост, подготвеност и управување со кризи, Хаџа Лахбиб, соопшти дека четири хеликоптери и тимови за гаснење пожари се распоредени преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ.

Хеликоптери од Романија и Словачка веќе пристигнаа во Србија и се очекува да започнат со дејствување на пожариштата, додека Чешка испрати два летала за гаснење пожари од воздух.

Чешката противпожарна и спасувачка служба соопшти дека, на барање на Србија упатено преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, веднаш реагирала со испраќање два модула за гаснење пожари од воздух.

Романија во Србија испрати хеликоптер „Black Hawk“ S-70M, кој е дел од европскиот резервен капацитет rescEU во рамките на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Според романските власти, пожарите во Делиблатска Песчара зафатиле повеќе од 3.500 хектари.

Покрај хеликоптерот, Романија подготвува и копнен интервентен тим составен од 69 лица и 15 возила. Тимот ќе биде распореден на локации што ќе ги определат властите во Србија и ќе им пружа поддршка на локалните сили, особено во тешко пристапните подрачја.

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека помошта од ЕУ е прифатена по активирањето на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ поради пожарите во Делиблатска Песчара, но и поради можноста од потреба за интервенција во други делови од земјата.

Во рамките на помошта од ЕУ предвидени се хеликоптери распоредени во Романија, Чешка и Словачка, како и копнени тимови и возила од Германија и Романија.

ИЗВОР:َAA
Повеќе
Силни грмотевици оставија речиси 26.000 домаќинства без струја во југоисточна Франција
Белорусија ја затворa амбасадата во Финска
Романски Ф-16 уништи морски дрон во близина на гасната платформа на Црното Море
Сиљановска-Давкова: Мора да ја зајакнеме проактивната дипломатија
Јеменските владини сили нападнаа воени позиции на Хутите
Амнести интернешнал: Италија да го прекине договорот со Албанија за притвор на мигранти
Кубанскиот министер Родригез го обвини Рубио за осакатувачките санкции
Ајша Вахаб стана прва конгресменка на САД со потекло од Авганистан
Нови смртоносни израелски напади врз Газа и покрај примирјето
Извештај: Соработник на ЦИА кој се инфилтрирал во Ал Каеда се соочува со депортација од САД
Претседателот на „Бајкар“: Туркије никогаш нема да се откаже од ниедна капка од „Сината татковина“
Туркије со поддршка за Сирија против „дестабилизирачките активности“ на Нетанјаху
Туркије, Египет и Катар ги осудуваат израелските напади во Газа и повикуваат на почитување на прекин
Вештачење: Неспорно е дека на плафонот во „Пулс“ имало полиуретански сунѓер
Францускиот онколог ја нарекува персонализираната вакцина против рак на кожа „вистинска надеж“