Најмалку 21 лице загина во пожар што избувна во хотел во главниот град на Индија, Њу Делхи, соопштија официјалните лица.
Инцидентот се случи во утринските часови во Малвија Нагар, а пожарот избувнал околу 8:50 часот по локално време.
Во соопштението на полицијата во Делхи се потврдува бројот на загинати, при што се додава дека повеќе од 40 лица биле спасени и пренесени во околните болници за медицинска помош.
Официјалните лица, исто така, соопштија дека станува збор за повеќекатна зграда и дека пожарот е локализиран.
Челничката на локалните власти на Делхи, Рекха Гупта, на американската компанија за социјални медиуми Х објави дека службите за итни случаи се мобилизирани, а операциите за спасување и помош се во тек.
Таа истакна дека Владата внимателно ја следи ситуацијата.
Премиерот Нарендра Моди го опиша инцидентот како „трагичен“, додавајќи: „Сочувство до оние што ги загубија своите најблиски. Им посакувам брзо закрепнување на повредените. Властите им ја даваат целата можна помош на погодените.“
Причината за пожарот сѐ уште не е утврдена.


















