| Macedonian
СПОРТ
3 мин читање
Драма во Торино: Галатасарај по продолженија го елиминираше Јувентус од Лигата на шампиони
Актуелниот европски првак ПСЖ, Реал Мадрид и Атланта исто така си обезбедија место во осминафиналето од ЛШ, откако на домашен терен ги елиминираа Монако, Бенфика и Борусија
Драма во Торино: Галатасарај по продолженија го елиминираше Јувентус од Лигата на шампиони
Јувентус сo 3:0 по 90 минути игра се избори за дополнителни 30 минути, но гостите од Туркије, кои играа со фудбалер повеќе успеаја да дадат два гола / Reuters
пред 4 часа

Актуелниот европски првак Пари Сен Жермен, Реал Мадрид, Аталанта и Галатасарај обезбедија место во осминафиналето од Лига на шампиони. по вечерашните реванш натпревари за местото во следната фаза од елитното натпреварување.

ПСЖ оди понатаму благодарение на победата во првиот меч во Монако со 3:2, затоа што вечерва пред своите навивачи одигра само 2:2.

Монако водеше со 1:0 на полувреме, а на почетокот на второто полувреме Монако остана со играч помалку по црвениот картон на Кулибали, па ПСЖ со погодоците на Маркињос и Кварацкелија направи пресврт и поведе со 2:1.

Да биде драмата до крајот се погрижија гостите кои со голот на Тезе израмнија на 2:2, а во последните моменти имаа шанса и за победа, но тоа не се случи, па ПСЖ останува да го брани тронот во ЛШ.

Реал Мадрид со 2:1 ја победи Бенфика по триумфот од 1:0 на првата средба во Лисабон. Бенфика прва даде гол, преку Силва уште во 14. минута, но Реал израмни преку Чуамени само две минути подоцна.

Во второто полувреме Бенфика се обидуваше да израмни, но сите надежи на гостите ги урна Винисиус јуниор кој погоди за 2:1 во 80 минута.

И Аталанта ќе игра во осминафиналето на Лига на шампиони, откако во неверојатен меч со 4:1 ја победи Борусија Дортмунд. Оваа победа беше доволна за италијанскиот тим да ја анулира негативата од 0:2 по првиот меч во Дортмунд .

Аталанта одлично го отвори мечот и по само пет минути поведе со голот на Скамака.

Во последната минута од првото полувреме Запакоста зголеми на 2:0 и со тоа ја анулираше негативата на Борусија од првиот меч во Дортмунд.

На почетокот од второто полувреме Пашалиќ погоди за 3:0, а Адејеми намали на 3:1 во 75 минута. По тој погодок на гостите, вкупниот резултат беше 3:3.

Потоа, двете екипи тактизираа и не сакаа да згрешат, а буквално во последните моменти од средбата се случи токму тоа. Голманот на Борусија Кобел направи голема грешка при додавањето, а потоа Бенсебаини направи фаул за пенал.

Лазар Самарџиќ беше херојот на Аталанта постгнувајќи гол од пенал за 4:1. Веднаш по тој гол, судијата означи крај на средбата.

Во вторник, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Бодо Глимт и Њукасл Јунајтед ќе се пласираат во полуфиналето.

Најдраматично беше во Торино каде Јувентус имаше 3:0 против Галатасарај по 90 минути игра. Овој резултат на Јувентус му даде борба за дополнителни 30 минути, затоа што ја анулираше негативата од 2:5 што ја имаше по првиот меч во Истанбул.

Јувентус со голот на Локатели од пенал поведе со 1:0 по првиот дел. На почетокот на второто полурвеме Јувентус остана со играч помалку по директниот црвен картон на Кели, но Старата дама не се предаде.

Со играч помалку Јувентус постигна два гола. Гати зголеми на 2:0 во 70 минута, а Мекени во 82 минута даде гол за 3:0.

Во дополнителните два пати по 15 минути, се радуваше Галатасарај. Виктор Осимен даде гол во 105+1 минута за 3:1 за Јувентус, а во 119 минута Јилмаз погоди за 3:2, но и конечни7:5 за турскиот тим.

Во вторник пласман во осминафиналето обезбедија Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Бодо Глимт и Њукасл Јунајтед.

Повеќе
УЕФА отвори истрага за расистичкиот инцидент со Винисиус во Лисабон
Лига на шампиони: Галатасарај го декласираше Јувентус, Реал славеше во Лисабон
Кајри носеше маичка во чест на загинатите новинари во Газа на НБА Ол-стар
Менаџерот на Манчестер Сити со потпишани дресови го поддржа ампутираниот тим од Газа
Италијанската премиерка ги нарече антиолимписките демонстранти „непријатели на Италија“
Сиетл по вторпат во историјата го освои американскиот Супербоул
Андреј Ѓурчиновски: Најмлад државен првак во македонскиот билијард
Свечено отворање на ЗОИ 2026, олимпискиот оган истовремено ќе се запали и во Милано и во Кортина
Ѓоковиќ против Алкараз во финалето на Австралија Опен
ПСЖ против Монако, Јувентус со Галатасарај во нокаут фазата од Лигата на шампионите
Лига на шампиони: ПСЖ, Реал, Атлетико и Јувентус не обезбедија директен пласман во осминафиналето
Познати полуфиналистите на Европското првенство во Ракомет
Седум навивачи на Паок загинале во сообраќајна несреќа во Романија
Кин: Не сум уверен дека Керик е вистинскиот менаџер за Манчестер Јунјатед
Илија Најдоски – Од Крушево преку Скопје и Белград до европскиот и светскиот фудбалски врв
Лига на шампиони: Арсенал го доби дербито со Интер, Спортинг подобар од ПСЖ
ФИС истражува скандал пред Зимската олимпијада
Македонските ракометари го завршија настапот на Европското првенство
Продолжува Лигата на шампионите: Дербито во Милано каде Интер го пречекува Арсенал
Сенегал победник на Африканскиот куп на нации