Андреј Ѓурчиновски: Најмлад државен првак во македонскиот билијард
СПОРТ
4 мин читање
Андреј Ѓурчиновски: Најмлад државен првак во македонскиот билијард„За да бидеш најдобар во билијардот, мора да се игра и психичката, менталната игра, односно мора да бидеш спремен и кога губиш да знаеш да се враќаш. Мислам дека тоа ја прави разликата“, смета Андреј Ѓурчиновски, македонскиот првак во билијард.
Андреј Ѓурчиновски: Најмлад државен првак во македонскиот билијард / TRT Balkan

За билијардот се вели дека е игра на пефекцијата. Истражувањата за неговата историја велат дека првпат како игра бил забележан во Франција во 1340-тите години, додека првата билијард сала била изградена во Англија во 1765 година, а токму билијардот бил првиот спорт кој имал Светско првенство во 1873 година.

Ова се само некои од интересните работи за историјата на билијардот кој од кога датира до денес буди интерес кај сите генерации. Меѓу страствените вљубеници во оваа игра е младиот Андреј Ѓурчиновски од Скопје. Со само 15 навршени години, тој стана најмладиот државен првак во историјата на македонскиот билијард, но и личност која го донесе првиот историски медал за македонскиот билијард, кога минатото лето освои бронзен медал во дисциплината „десетка“ на Европското првенство за играчи до 17 години, одржано во Словенија минатото лето.

Посветеноста, дисциплираноста, прецизноста, конзистетноста, интелегенцијата и умешноста се придавките кои го красат младиот Ѓурчиновски.

Тој е член во билијард клубот „Гран“ во Скопје, двапати веќе победувал и на регионалните балкански натпреварувања. Со своите успешни настапи, младиот талент во билијард Ѓурчиновски ја промовира својата земја, но и билијардот како спорт.


Билијардот како мултидисциплинарен феномен


Во разговор за ТРТ Балкан, талентираниот билијард играч Ѓурчиновски зборуваше за својата љубов и страст кон билијардот, почетоците, успесите, досегашните искуства и планови за развој на неговата професионална кариера.

„Иако за многумина оваа игра претставува рекреативност и релаксација на некој начин, за нас професионалниците е вистински спорт, кој бара многу пожртвуваност, дицсиплина, геомерија, математија, физиката исто така, е многу важна и правилно и мудро размислување за да се биде најдобар“, истакнува младиот Ѓурчиновски во разговорот.

Фокус на психичката подготовка

Тој својата успешна приказна во светот на билијардот започнал да ја испишува пред 5-6 години, кога во време на пандемијата предизвикана од коронавирусот, заедно со својот татко Горан Ѓурчиновски започнал да игра билијард и да се интересира за оваа игра, гледајќи како татко му држи часови и го пренесува своето знаење од областа на билијардот на другите деца.

„Тренирам три часа дневно кога сум на училиште, меѓтуоа, кога сум на летен или зимски распуст доаѓам двапати во денот по три часа, вкупно шест часа со одмори“, раскажува Ѓурчиновски, кој појаснува дека за време на тренинзите учи многу нешта, од самото држење на телото, до прецизно погодување на билијарските топчиња и влечење потези кои го издвојуваат од останатите играчи. Во тој контекст, тој особено се фокусира на психичката подготовка.

„За да бидеш најдобар во билијардот, мора да се игра и психичката, менталната игра, односно мора да бидеш спремен и кога губиш да знаеш да се враќаш. Мислам дека тоа ја прави разликата“, смета Ѓурчиновски.

Влијанието на билијардот во секојдневниот живот на Ѓурчиновски

Истакнува дека со цел да се биде прецизен и да се разбере суштински играта, потребно да се помине многу време во играње билијард.

„За да си прецизен и да ја разбираш играта мора многу време да посветуваш на масата и мора да си многу дисциплиниран и да ја сфаќаш играта. Мислам, со текот на времето колку повеќе играш толку повеќе ја разбираш и ако навистина се задлабочиш можеш многу да научиш и во животот. На пример, некои работи - дисциплината е една од нив, исто така и концентрацијата и фокусот, на пример, јас сум на улчилиште, многу брзо ми треба да научам некоја лекција и тоа многу ми помага“, потенцира тој.

Во интервјуто за ТРТ Балкан, открива дека во мај оваа година ќе оди во Лондон, каде во рамките на камп престојување ќе има тренинзи и ќе се потруди максимално да ја усоврши својата игра.

За крај на разговорот порачува дека билијардот за него не е само игра, туку спорт и начин на живот преку кој квалитетно го троши своето време, стекнува нови вештини кои го исполнуваат во професионална и пероснална смисла, испраќајќи порака до неговата генерација и сите останати времето да го поминуваат во спортување кое ги прави среќни и ги прави луѓето подобри во секоја смисла на зборот.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Трамп не се кае за војната со Иран иако ќе се одрази на меѓуизборите
Неколкумина загинати и повредени во несреќа на туристички автобус во Швајцарија
Повеќе експлозии одекнаа во близина на базата Ербил во Ирак
САД нема да извршат напади врз Хутите по барање на Саудиска Арабија
Туркије и Италија потпишаа договор за соработка во областа на трудот и социјалните политики
Шпанскиот Конгрес го поддржува државјанството за жителите на Западна Сахара родени пред 1977 година
Врховниот суд ја укина пресудата за несреќата кај  Ласкарци и случајот го врати на повторно судење
САД ги притискаат сојузниците од НАТО да го распуштат МКС и да се повлечат од основачкиот договор
Август најтопол месец во светот досега, според климатската агенција на ЕУ-Коперник
ЕБОР поддржа ветерен парк од 131 мегават во Штип
Трамп вети по 5.000 долари за секој граѓанин ако републиканците победат на средорочните избори
Листата на есенцијални лекови ажурирана по повеќе од една деценија
Руте: Треба да се направи многу повеќе за НАТО да биде предводен од Европа
За Американците домашниот тероризам е поголема закана од странски напади, 25 години по 11 септември
Туркије се фокусира на квантната и вселенската технологија во новиот истражувачки и развоен поттик