| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Трамп ги паузира царините од 50 отсто за Канада на три дена
„Ги паузирав царините од 50% против Канада, кои требаше да стапат во сила утре наутро, за период од три дена, врз основа на фактот дека Канада и САД, во зависност од финализирањето на документите, имаат договор!“, објави Трамп
Трамп ги паузира царините од 50 отсто за Канада на три дена
Трамп ги паузира царините од 50 отсто за Канада на три дена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја паузирал одлуката за планираните царини од 50% за канадските стоки пред крајниот рок на полноќ.

„Ги паузирав царините од 50% против Канада, кои требаше да стапат во сила утре наутро, за период од три дена, врз основа на фактот дека Канада и САД, во зависност од финализирањето на документите, имаат договор!“, објави Трамп.

Претседателот на САД, исто така, посочи дека договорот би можел да го оживее гасоводот Кистоун ХЛ, голем прекуграничен енергетски проект кој беше откажан за време на претходната администрација на Бајден.

„Големиот гасовод Кистоун, одамна уништен од поспаниот Џо Бајден, можеби ќе биде разбуден од гробот!“, рече тој.

Соопштението уследи по телефонскиот разговор во вторникот меѓу Трамп и канадскиот премиер Марк Карни, кој се обидуваше да постигне договор и да ги избегне царините за канадска стока во вредност од околу 30 милијарди канадски долари (22 милијарди американски долари).

Од своја страна, Карни рече дека САД се согласиле да ја одложат имплементацијата на планираната царина од 50% за низа канадски стоки согласно Член 338 од Законот за царини на САД од 1930 година до крајот на денот на 21 август.

Канада и САД во последните недели водеа „интензивни разговори“ со цел решавање на трговските спорови и обезбедување поголема сигурност за канадските бизниси, работници, земјоделци и семејства, додаде тој.

„Постигнат е значителен напредок, иако сè уште има важна работа што треба да се заврши“, рече Карни.

Канада ќе остане фокусирана на зајакнување на својата домашна економија додека продолжуваат преговорите, додаде тој.

Повеќе
Силни грмотевици оставија речиси 26.000 домаќинства без струја во југоисточна Франција
Белорусија ја затворa амбасадата во Финска
Романски Ф-16 уништи морски дрон во близина на гасната платформа на Црното Море
Сиљановска-Давкова: Мора да ја зајакнеме проактивната дипломатија
Јеменските владини сили нападнаа воени позиции на Хутите
Амнести интернешнал: Италија да го прекине договорот со Албанија за притвор на мигранти
Кубанскиот министер Родригез го обвини Рубио за осакатувачките санкции
Ајша Вахаб стана прва конгресменка на САД со потекло од Авганистан
Нови смртоносни израелски напади врз Газа и покрај примирјето
Извештај: Соработник на ЦИА кој се инфилтрирал во Ал Каеда се соочува со депортација од САД
Претседателот на „Бајкар“: Туркије никогаш нема да се откаже од ниедна капка од „Сината татковина“
Туркије со поддршка за Сирија против „дестабилизирачките активности“ на Нетанјаху
Туркије, Египет и Катар ги осудуваат израелските напади во Газа и повикуваат на почитување на прекин
Вештачење: Неспорно е дека на плафонот во „Пулс“ имало полиуретански сунѓер
Францускиот онколог ја нарекува персонализираната вакцина против рак на кожа „вистинска надеж“