| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Муцунски и Трипуновски на средби за земјоделски реформи и рурален развој во Брисел
Како што соопштуваат од МНРиНТ, на средбите станало збор за клучните надворешнополитички приоритети, реформските процеси и актуелните регионални прашања.
Муцунски и Трипуновски на средби за земјоделски реформи и рурален развој во Брисел
Муцунски и Трипуновски на средби за земјоделски реформи и рурален развој во Брисел / Other
25 март 2026

Соработката и реформите во областа на земјоделството и руралниот развој, спроведувањето на ИПАРД III програмата, како и за зајакнувањето на институционалните и административните капацитети на државата беа во фокусот на средби на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија, Елизабет Вернер, и со пратеници во Европскиот парламент.

Како што соопштуваат од МНРиНТ, на средбите станало збор за клучните надворешнополитички приоритети, реформските процеси и актуелните регионални прашања.

„Беа разменети мислења за европската перспектива и динамиката на пристапниот процес на државата и регионот, при што беше нагласено значењето од обезбедување доследна и кредибилна поддршка за политиката на проширување во услови на актуелните геополитички предизвици“, стои во соопштението од МНРиНТ.

Посебен акцент, како што дополнуваат, бил ставен на перспективите за проширување на Европската Унија кон Западен Балкан, поддршката од Европскиот парламент за забрзување на пристапниот процес, како и на неговата улога во целокупниот процес на европска интеграција.

Министерот Муцунски остварил и средби со пратеници во Европскиот парламент – Карло Реслер, Дан Барна, Тијс Ројтен, Матеј Тонин и Ирена Јовева.

„На средбата со европратеничката Јовева, стана збор за евроинтеграцискиот процес на државата, при што министерот изрази искрена благодарност за принципиелната поддршка на овој пат“, дополуваат од министерството.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната
Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот
Во Скопје одржан Самит на верските заедниции на Балканот
Трамп: Новото раководство на Иран бара прекин на огнот
Германија ги намалува загриженостите околу заканата на Трамп за напуштање на НАТО
Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, струјата нема да поскапи
Ердоган: Израел првенствено е одговорен за незаконската војна со Иран
Трамп: Сериозно размислувам за повлекување на САД од НАТО
Техеран има 4 барања до САД и Израел за постигнување траен мир на Блискиот Исток
Иран ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони стационирани на аеродромот во Софија
Зеленски: Русија бара повлекување на Украина од Донбас во рок од два месеци
Хамнеи: Иран ветува континуирана поддршка на Хезболах во борбата против САД и Израел
Хутите тврдат дека извршиле ракетен напад врз Израел заедно со Иран и Хезболах
Аракчи: Разменети се некои пораки меѓу Иран и САД, но тоа не значи дека преговараме
Папата Лав го повика Трамп да бара „излез од војната“ додека ескалира војната меѓу Иран