Двајца израелски војници беа убиени, а четворица беа ранети во експлозија на експлозивна направа во јужен Либан, денес објавија израелските медиуми, додека Тел Авив ги продолжи своите воени упади во Либан и покрај прекинот на огнот.
Инцидентот се случи во градот Мајдал Зун, во округот Тир, објави израелскиот Канал 12.
Израелската војска, исто така, потврди во соопштение дека двајца војници се убиени.
Бејрут и Тел Авив моментално ја одржуваат својата седма рунда разговори со посредство на САД во Рим. Се очекува тридневните разговори, на кои, меѓу другото, се дискутира за прекин на огнот и повлекувањето на Израел од Либан, да завршат во до крајот на денот.
Според либанското Министерство за здравство, најмалку 4.333 лица се убиени, а 12.250 се ранети во израелските напади врз Либан од 2 март.

















