Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Алварез, изјави денеска дека нивните граѓани од флотилата за помош што се упатува кон Газа ќе бидат депортирани во текот на денот преку Туркије.
„Шпанскиот конзул во Израел штотуку нè информираше дека тие очигледно веќе се префрлаат на аеродром, аеродромот Рамон, заедно со другите активисти, за да бидат депортирани, како што сите индикации сугерираат, преку Туркије“, изјави Албарес за радиодифузерот Ла Хора де Ла 1.
Сепак, тој истакна дека тоа сè уште не е официјално потврдено и додаде: „Тоа е она што веќе се дискутира меѓу конзулите и она што се забележува на терен“.
Флотилата за хуманитарна помош „Глобал Сумуд“ завчера соопшти дека сите 50 бродови во нејзиниот конвој се запленети од Израел.
Флотилата, која превезуваше 428 лица од 44 земји, отплови минатиот четврток од турскиот округ Мармарис во нов обид да се пробие нелегалната израелска блокада наметната врз Појасот Газа од 2007 година.

















