| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Австралија воведе серија санкции за ирански поединци и субјекти
Според австралиската Влада, дел од санкционираните лица биле вклучени во спроведувањето на иранските политики за задолжително носење хиџаб, следењето на активисти и политички неистомисленици, како и во притворањето странски државјани
Австралија воведе серија санкции за ирански поединци и субјекти
Австралија воведе серија санкции за ирански поединци и субјекти / AP

Австралија објави нови финансиски санкции и забрани за влез во земјата за неколку ирански поединци и субјекти, обвинувајќи ги за вмешаност во прекршувањата на човековите права и поврзани активности, јавува Анадолу.

Министерката за надворешни работи Пени Вонг кажа дека преземените мерки опфаќаат седум лица и четири субјекти поврзани со иранските безбедносни и финансиски мрежи.

„Во јануари, иранскиот режим изврши масакр врз илјадници сопствени граѓани и спроведе масовни апсења на мирните демонстранти, притоа изложувајќи ги затворениците на тортура, присилни признанија и спречувајќи ги да комуницираат со своите блиски“, истакна таа.

„Режимот го ограничи пристапот до интернет за да го спречи светот да дознае за овие злосторства.“

Според австралиската Влада, дел од санкционираните лица биле вклучени во спроведувањето на иранските политики за задолжително носење хиџаб, следењето на активисти и политички неистомисленици, како и во притворањето странски државјани.

Санкциите се насочени кон финансиските мрежи кои наводно се користат за поддршка на вооружените групи и на иранските активности поврзани со ракетната програма.

Овој потег беше објавен паралелно со дополнителните санкции наметнати од Обединетото Кралство, како дел од координираната акција со меѓународните партнери, се наведува во соопштението.

Канбера соопшти дека Владата на Албаниз досега вовела повеќе од 230 санкции кон поединци и субјекти поврзани со Иран, од кои над 100 се поврзани со Корпусот на Исламската револуционерна гарда.

Од страна на Иран засега нема никаква реакција во врска со најновите обвинувања и санкции.

Повеќе
Поучниот анимиран филм „Кликни безбедно“ достапен на Ју Тјуб на три јазици
Од полноќ пониски цени на дизелот и на Еуросупер БС-95
Мицкоски: Коридорите 8 и 10 наш најголем приоритет, неделава тендер за гасоводот со Србија
Кос: Во Европската Унија има место за сите држави од Западен Балкан
ЕУ се согласи на санкции насочени кон израелските окупатори на Западниот Брег
Турско-белгиски бизнис форум: Стремеж кон подлабоки трговски односи и инвестициски врски
Ердоган: Геополитичките промени ја нагласуваат потребата од поблиски односи меѓу Туркије и ЕУ
Прево: Белгија гледа значаен потенцијал за продлабочување на стратегиското партнерство со Туркије
Евровизија се соочува со обновени критики за „ционистичко перење“ околу Израел
Судот во Бангладеш забранува откривање на полот на нероденото дете
Трамп ќе ја посети Кина за прв пат по девет години
САД репатрираат 17 граѓани од крузер по појавата на хантавирус
Франција го потврди првиот случај на хантавирус од крузерот МВ Хондиус
Израелски воен наредник убиен во борби на границата со Либан
Иран ќе бара компензација од САД и го одби планот на Трамп