Танкер бил погоден од проектил кој долетал од непознат правец во Ормускиот Теснец, предизвикувајќи пожар што потоа е изгаснат, соопшти денес Центарот за поморски трговски операции на Велика Британија (УКМТО).
„Пријавено е дека целиот екипаж е безбеден и згрижен и нема извештаи за влијание врз животната средина“, се вели во советодавната објава на УКМТО.
Властите ги истражуваат околностите околу нападот.
УКМТО им советуваше на бродовите во областа да транзитираат со претпазливост и да пријавуваат каква било сомнителна активност.
Иранскиот заменик-министер за надворешни работи Казем Гарибабади вчера изјави дека Иран се согласил со Оман да воспостави привремена транзитна рута широка 11 километри низ Ормускиот Теснец, изјави иранскиот заменик-министер за надворешни работи Казем Гарибабади, нагласувајќи дека договорот не значи повторно отворање на стратешкиот воден пат.
Тој додаде дека Иран и Оман ќе водат понатамошни преговори што ќе траат помеѓу 30 и 60 дена за да утврдат трајна рута и идни аранжмани за премин.
Гарибабади, исто така, ги отфрли тврдењата дека американските сили исчистиле мини во водниот пат.




















