| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор за најмалку 15 проценти
Трговците се должни, покрај новата намалена цена на производот, да ја прикажат и старата цена која важела на 1 јуни 2026 година, зашто токму оваа цена се зема како базична врз основа на која се утврдува намалувањето, нагласи портпаролката Митева
Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор за најмалку 15 проценти
Мерката опфаќа широк спектар на производи кои се неопходни за почетокот на учебната година како што се ранци и ташни

Владата на вчерашната седница донесе одлука со која се намалуваат цените на училишниот прибор во периодот од објавувањето на одлуката во Службен весник, односно од денеска, заклучно со 30 септември 2026 година.

Одлуката, како што изјави портпаролката на Владата Марија Митева, има за цел да им се помогне на семејствата, да се намалат трошоците и да се заштити животниот стандард на граѓаните.

„Со оваа одлука, трговците на големо се задолжуваат цените на училишниот прибор да ги намалат за најмалку 10 отсто, додека пак, трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување од најмалку 15 проценти“, изјави Митева.

​Мерката опфаќа широк спектар на производи кои се неопходни за почетокот на учебната година: ранци и ташни; тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала; боички, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери и текст маркери; темперни, акрилни и водени бои и четки; ​линијари и дидактички материјали; ​острилки и гуми за бришење; ​детски ножици, футроли, лепила, шестари; ​дигитрони, украсна хартија, папки и картонски ташни.

Тука спаѓаат и материјали за изработка, практично сè што е потребно за стартот на учебната година.

„Особено важно е што со одлуката се обезбедува и транспарентност во однос на намалувањето. Трговците се должни, покрај новата намалена цена на производот, да ја прикажат и старата цена која важела на 1 јуни 2026 година, затоа што токму оваа цена се зема како базична врз основа на која се утврдува намалувањето“, нагласи Митева.

Таа потсети дека одлуката важи од денот на нејзиното објавување до 30 септември 2026 година и тоа значи дека во овој период граѓаните треба да имаат можност да ги набават производите опфатени со мерката по намалени и јасно означени цени.

„Ова е конкретна мерка насочена кон директна поддршка на семејствата во период кога имаат зголемени трошоци за подготовка на децата за новата учебна година. Намалувањето на цените на училишниот прибор е уште еден чекор во насока на заштита на животниот стандард на граѓаните, како и намалување на притисокот врз семејниот буџет. Нашата цел е јасна: родителите да можат да го обезбедат потребниот училишен прибор за своите деца по пониски цени, со јасно прикажана базична, но и намалена цена и со правила кои важат подеднакво за сите трговци“, рече Митева во изјава пред Владата по владината седница.

Повеќе
Зошто Туркије кривично го гони Нетанјаху и зошто е важен случајот
Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на 6.509
Марк Рафало го отфрли обвинувањето на Парамаунт за антисемитизам поради критиките за Оракл и Израел
Туркије и Катар се стремат кон 5 милијарди долари билатерална трговија
Израел убил над 21.500 деца од почетокот на војната во Газа
САД ја отстранија Сирија од листата на држави спонзори на тероризмот
Зеленски: Војната во Украина мора да е доволно болна за да се поттикне Русија на мировни преговори
Трамп: Иран е во целосен распад
Грција планира база за беспилотни летала на Родос
Зеленски: Украина сака мир, но нема да ѝ попушти на Русија по секоја цена
Туркије одбележува годишнина од прекуграничната воена антитерористичка операција против ДЕАШ
Одложено судењето за злоупотреби во АД „Државна лотарија“
Од полноќ поскапуваат бензините и дизелот
САД ги откажуваат заедничките поморски вежби со Јужна Кореја
Туркије ја зајакнува трговската интеграција со исламските земји