Цените на становите во Скопје се зголемиле за 16,7% на годишно ниво
Цените на становите во Скопје се зголемиле за 16,7% на годишно нивоИако растот продолжува, податоците укажуваат на постепено забавување во однос на минатата година, кога цените бележеа значително повисоки стапки на раст во сите квартали.
Цените на становите во Скопје се зголемиле за 16,7% на годишно ниво / TRT Balkan
9 април 2026

Цените на становите во Скопје во првиот квартал од годинава се зголемиле за 16,7 проценти на годишно ниво, додека на квартално ниво растот е минимален и изнесува 0,1 процент, покажува индексот на цени на недвижности.

Иако растот продолжува, податоците укажуваат на постепено забавување во однос на минатата година, кога цените бележеа значително повисоки стапки на раст во сите квартали, објави МРТ.

Според Агенција за катастар на недвижности, за 2026 година се очекува умерен раст на пазарот, со зголемен интерес за инвестиции и натамошен раст на закупнините.

Становите и натаму доминираат на пазарот, учествувајќи со 33% од вкупниот број трансакции и речиси половина од вкупната вредност. И покрај тоа што бројот на продадени станови е намален, нивната вредност бележи раст.

Најактивни и најскапи остануваат општините Центар, Аеродром и Карпош, каде се регистрирани и највисоки цени по квадратен метар. Најскапиот стан е продаден во Аеродром за 166.500 евра, додека најскапата куќа достигнала цена од 1,5 милиони евра во Центар.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Израел не прифати примирје во Либан на преговорите во Вашингтон
Туркије ќе се залага за фер финансирање за климата на COP31
Вучиќ предупреди на глобална економска криза и можни конфликти
Рама: Албанија во 2030 година членка на ЕУ е цивилизациски избор
Европа се стреми кон намалување на побарувачката на енергија во услови на вртоглав раст на цените
ОН: Кризата во Ормуската Теснина може да предизвика глобална катастрофа во земјоделството
Мицкоски: Царинската управа поставува нoви стандарди
Кинескиот претседател Кси е домаќин на разговори со шпанскиот премиер Санчез
Нетанјаху вели дека Европа има „многу да научи“ од Израел за „доброто и злото“
Иран побара оштета од пет арапски држави за помагање на нападите од САД и Израел
Џ.Д. Венс: Поразот на Орбан е лош за САД, но ќе соработуваме со новиот премиер
Францускиот производител на цемент Лафарж прогласен за виновен за финансирање на Даеш во Сирија
Балканските земји испратија честитки до Маѓар
Пилотите на Луфтханза започнаа 48-часовен штрајк
Туркије предупреди против воени решенија за тензиите во Ормускиот Теснец, повика на мировен пристап