| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Андоновски: Новиот закон за сајбер безбедност воспоставува обврвски и за приватниот сектор
Најголемиот дел од критичната дигитална инфраструктура се наоѓа во приватниот сектор, па затоа законот не го третира како објект на контрола, туку како партнер во системот на безбедност, рече министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски
Андоновски: Новиот закон за сајбер безбедност воспоставува обврвски и за приватниот сектор
Тој посочи дека една од клучните промени што ги носи законот е преминот од реактивен кон проактивен пристап во сајбер безбедноста / Others

Сајбер безбедноста повеќе не може да се третира како техничко прашање, туку како клучен фактор за отпорноста на државата и функционалноста на економијата, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски на бизнис конференцијата за сајбер безбедност во организација на Македонски Телеком, посветена на новата регулатива за безбедност на мрежни и информациски системи и предизвиците во заштитата на дигиталната инфраструктура.

„Во услови на целосна дигитализација на услугите, комуникацијата и економските процеси, секој сајбер инцидент има потенцијал да се пренесе низ целиот систем. Затоа, отпорноста станува основа на дигиталната трансформација“, нагласи Андоновски.

Министерот се осврна на значењето на новиот Закон за безбедност на мрежни и информациски системи, кој е усогласен со европската НИС2 (NIS2) директива, потенцирајќи дека неговата суштина е во воспоставување на систем таму каде што досега постоеше фрагментиран пристап.

„Со законот, за првпат поставуваме јасни линии на одговорност, дефинираме управување со сајбер ризик и воспоставуваме рамка за координирано делување и во приватниот и во државниот сектор. Ова не го правиме само заради усогласување со европската регулатива, туку како суштинска институционална реформа“, истакна Андоновски.

Тој посочи дека една од клучните промени што ги носи законот е преминот од реактивен кон проактивен пристап во сајбер безбедноста, при што организациите се обврзани да воспостават системи за управување со ризици и континуитет на работењето.

Посебен акцент беше ставен на улогата на приватниот сектор, кој, како што беше нагласено, претставува суштински дел од националната сајбер отпорност.

„Најголемиот дел од критичната дигитална инфраструктура се наоѓа во приватниот сектор. Затоа законот не го третира како објект на контрола, туку како партнер во системот на безбедност. Овие обврски не се административен товар, туку механизам за заштита на самото функционирање на компаниите“, посочи министерот.

Андоновски истакна дека сериозен сајбер инцидент денес може да предизвика прекин на работењето, финансиски загуби и нарушување на довербата, поради што безбедноста треба да се гледа како предуслов за одржливост и развој.

Во однос на имплементацијата, министерот најави дека Министерството за дигитална трансформација активно работи на зајакнување на националните капацитети, вклучително и воспоставување на Владин центар за одговор на сајбер инциденти (GOV-CSIRT), кој започнува со работа во наредниот период, како и унапредување на мониторинг системите и интероперабилноста меѓу институциите.

„Законот сам по себе не е доволен. Неговата вредност ќе се мери преку имплементацијата, преку координацијата и преку способноста системот да функционира во реални услови“, нагласи Андоновски.

Тој додаде дека сајбер безбедноста носи и нови можности за инвестиции, иновации и развој на домашната ИТ индустрија, особено во делот на напредни безбедносни услуги и решенија.

На крајот, министерот порача дека сајбер безбедноста треба да се гледа како составен дел од економскиот и институционалниот развој.

„Без стабилни и безбедни дигитални системи нема доверба, а без доверба нема инвестиции и економски раст. Затоа оваа реформа е подеднакво безбедносна, економска и институционална“, истакна Андоновски.

На конференцијата учествуваа претставници на институциите, приватниот сектор и меѓународни експерти, кои дискутираа за најновите трендови, закани и решенија во областа на сајбер безбедноста.

Повеќе
Поранешниот шеф на Мосад го споредува насилството на Западниот Брег со Холокаустот
ОН: Зголемен ризик за сириските цивили по проширувањето на израелските операции
Иран: САД повеќе не се во позиција да им „диктираат“ политика на други нации
Путин: Глобалниот поредок се урива, доаѓа нова ера
Германија депортира 25 осудени мажи во Авганистан поради построга имиграциска политика
Андоновски: Новиот закон за сајбер безбедност воспоставува обврвски и за приватниот сектор
Прогресивните ја критикуваат ЕПП за блокирање на дебатата за Газа
Калас: Блокадата на Ормускиот Теснец е опасен преседан
Јужна Кореја бара итна меѓународна акција за севернокорејското нуклеарно прашање
Велосипедистите на Тур оф Туркије служат како пример за углед, подигнувајќи ја свеста за дијабетесот
Трамп незадоволен од предлогот на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец
Сиљановска-Давкова: Она што го прави НАТО со стандардите да го прави ЕУ со Копенхашките критериуми
Двајца израелски војници повредени при напад со дрон во јужен Либан
Рубио: Ветувачки знаци дека Хамас ќе се демилитаризира
Најмалку четворица загинати во израелските воздушни напади врз јужен Либан