Израелската aрмија соопшти дека двајца војници се повредени откако камиказа-дрон изврши напад за време на воени операции во јужен Либан.
Во нападот еден војник се здобил со тешки повреди, а друг е полесно повреден. Според израелската армија војниците биле однесени во болница, а нивните семејства потоа биле известени.
Либанското движење Хезболах соопшти дека извршило два напада со беспилотни летала насочени кон израелските војници и воена опрема.
Хезболах наведе дека нападите биле извршени како одговор на израелските прекршувања на договорот за прекин на огнот постигнат на почетокот на овој месец, вклучувајќи напади врз јужните села и рушење на куќи.
Повеќе од 2.500 луѓе загинаа, а над 1,6 милиони се раселени од израелските напади низ Либан од 2 март, според официјалните либански бројки.
Десетдневниот прекин на огнот меѓу Либан и Израел стапи на сила на 17 април, а беше продолжен за три недели во четвртокот минатата недела.












