| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Трамп: Нападите врз Иран ќе продолжат сè додека не се согласат на договор, не сакам преговори
Ја оставам енергетската инфраструктура за крај, вечерва ќе ги погодиме многу силно, истото ќе се случи и во следните ноќи, а следната недела ќе биде уште полошо ако не седнат на преговарачка маса, рече Трамп
Трамп: Нападите врз Иран ќе продолжат сè додека не се согласат на договор, не сакам преговори
Tој истакна дека контактите меѓу двете страни не се прекинати и дека иранските претставници сè уште се обидуваат да постигнат договор

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека американските воздушни напади врз Иран ќе продолжат во наредните денови, со предупредување дека ќе бидат поинтензивни ако Техеран не се согласи на договорот, додавајќи дека во моментов не сака да преговара со Иран.

Во исто време, американскиот претседател изјави дека контактите меѓу двете страни не се прекинати и дека иранските претставници сè уште се обидуваат да постигнат договор.

„Пораката беше едноставна - мора да постигнете договор или немате ништо друго“, рече Трамп, додавајќи дека верува оти Иран нема друг избор освен да преговара.

Трамп, во интервју за Фокс њуз, рече дека американските сили ќе продолжат со нападите „сè додека не проценат дека е доста“, оценувајќи дека воените капацитети на Иран се сериозно ослабени.

„Единствениот начин да се преговара со нив е преку демонстрација на воена сила“, рече Трамп.

Тој изјави дека главните цели на американската операција се спречување на Иран да развие нуклеарно оружје, зачувување на слободната пловидба низ Ормускиот Теснец и понатамошно слабеење на воените капацитети на Иран.

Претседателот на САД тврди дека дури и ако нападите престанат веднаш, на Иран ќе му требаат децении за да ја обнови својата уништена воена инфраструктура.

Зборувајќи за можните следни цели, Трамп рече дека енергетската инфраструктура на Иран засега не е цел, но ниту таа опција не е исклучена.

„Ја оставам енергетската инфраструктура за крај. Вечерва ќе ги погодиме многу силно, истото ќе се случи и во следните ноќи, а следната недела ќе биде уште полошо ако не седнат на преговарачка маса“, рече Трамп, наведувајќи дека електраните и мостовите би можеле да бидат меѓу потенцијалните цели.

Кога беше прашан за можноста за копнена операција, Трамп не сакаше да даде детали, но рече дека има „други кои можат да водат таква кампања“.

Трамп оцени дека договорот за нуклеарната програма на Иран, постигнат за време на администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама, е „безвреден документ“ кој, тврди тој, довел до развој на нуклеарно оружје.

Тој рече дека американските разузнавачки служби внимателно ги следат сите познати ирански нуклеарни објекти, вклучително и локација за која во последните денови се шпекулираше дека е дел од нуклеарната програма, предупредувајќи дека ќе биде нападната доколку се открие каква било значајна активност.

Зборувајќи за поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец, Трамп рече дека преминот е отворен за меѓународен превоз, но е блокиран за ирански бродови.

Повеќе
Куртулмуш: Епопејата на отпорот на 15 јули е врежана во колективното сеќавање на турскиот народ
Дуран: 15 јули е историска пресвртница што ја обезбеди иднината на Туркије
Фидан: Туркије е решена да спречи групи слични на ФЕТО да се инфилтрираат во државата
Ердоган: Поразот на обидот за државен удар во 2016 е „прогласување на независност“ за Турскиот век
Косово прогласи српска министерка за „персона нон грата“ по коментарите за етничко чистење
Кувајт ја активираше воздушната одбрана поради ирански напад со дронови
ЦЕНТКОМ: САД извршија дополнителни напади врз Иран
Јордан: Соборивме три ракети лансирани од Иран
Нови американски напади врз Иран во покраината Хузестан
Десет години, десет гласови: Како 15 јули останува во срцата на турските граѓани
Бурханетин Дуран: Неуспешниот обид за државен удар во 2016 година ја обликуваше иднината на Туркије
Tурскиот министер за одбрана: Духот на неуспешниот пуч треба да ги води идните генерации
Турските системи за борба против дронови ја потврдија својата вредност на Самитот на НАТО во Анкарa
Италија уапси 79 лица во акција против мафијашката мрежа Ндрангета
Трамп: Ормуз е отворен за сите освен за Иран, наместо такса за заштита ќе склучуваме договори