| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Пентагон разгледува повлекување на најмалку 25.000 американски војници од Европа
Можното намалување би можело да достигне до 40.000 војници, додека Пентагон го преиспитува американското воено присуство на континентот
Пентагон разгледува повлекување на најмалку 25.000 американски војници од Европа
Некои американски законодавци и европски влади предупредија дека брзото повлекување би можело да влијае врз способноста на НАТО да ја одвраќа Русија

Пентагон разгледува повлекување на околу 25.000 или повеќе американски војници од Европа, со што американското воено присуство на континентот потенцијално би се намалило за речиси една третина, објави вчера Ен-Би-Ес Њуз.

Предложеното намалување би можело да биде и поголемо, односно да достигне до 40.000 војници, објави Ен-Би-Ес Њуз, повикувајќи се на актуелни и поранешни американски и западни претставници запознаени со разговорите. Во Европа моментално се распоредени околу 80.000 американски војници.

Според наводите, сè уште не е донесена конечна одлука.

Германија, Италија и Шпанија, каде што се распоредени дел од најголемите американски воени контингенти во Европа, се меѓу земјите што би можеле да бидат погодени со овие промени.

Опциите што се разгледуваат се дел од шестмесечната анализа на Пентагон за американското воено присуство во Европа. Генералот Алексус Гринкевич, кој е на чело на Европската команда на САД и ја извршува функцијата врховен сојузнички командант на НАТО, се очекува во петок да му ја претстави првичната анализа на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, објави Ен-Би-Ес Њуз.

Се очекува анализата да опфати неколку опции поврзани со воздухопловните, поморските и копнените сили, како и можноста дел од американските сили да бидат прераспоредени кон источното крило на НАТО.

Според наводите, се очекува Хегсет да ја добие конечната препорака на 6 ноември, пред кој било предлог да му биде доставен на претседателот Доналд Трамп.

Администрацијата на Трамп долго време застапува став дека европските земји треба да преземат поголема одговорност за својата конвенционална одбрана, а дополнителните воени ресурси САД би ги насочиле кон други региони.

Можните намалувања предизвикаа загриженост кај некои американски законодавци и европски влади, кои предупредија дека брзото повлекување би можело да влијае врз способноста на НАТО да ја одвраќа Русија.

Ен-би-ес њуз, исто така, објави дека Стејт департментот и Пентагон имаат различни ставови во врска со процесот на преиспитување.

Според наводите, државниот секретар Марко Рубио интервенирал во јуни откако Пентагон се подготвувал да ги информира министрите за одбрана на НАТО за потенцијалните значителни намалувања на американското воено присуство.

Наводите доаѓаат во време кога сенаторите одделно го повикаа Рубио да се погрижи Стејт департментот и американските дипломати целосно да бидат вклучени во анализата на распоредувањето на воените сили.


Повеќе
Танкер погоден од „непознат проектил“ во Ормускиот Теснец
Шестмина ученици загинаа, 17 се повредени во пукање во средно училиште на Филипини
Дванаесет лица повредени во ноќните напади меѓу Русија и Украина
Речиси половина од германските гласачи веруваат дека Мерц ќе ја напушти функцијата до крајот на 2026
Во Русија почнуваат тридневни избори за државната Дума
Иран му нареди на шведски дипломат да ја напушти земјата во рок од 48 часа како реципрочна мерка
НАСА откри огромен кратер со дијаметар од 222 метри на Месечината
Стотици на протести на Малта бараат правда за новинарката убиена во 2017 година
Мелони рече дека нема предвремени избори и го укина данокот за мотоцикли и голем дел од автомобилите
67 лица загинаа при уривање на рудник за злато во Западен Кордофан во Судан
Ли повикува на „духот на свилениот пат“ на првиот самит Кореја-Централна Азија
Климатска агенција на ЕУ: Озонската дупка над Антарктикот поголема од просекот овој месец
Зеленски тврди дека Русија се обидела да го нападне неговиот авион двапати во последните недели
Кина отвори канал вреден 10,8 милијарди долари, со кој го скратува патот кон југоисточна Азија
Иранските напади предизвикале голема штета на американските бази низ Блискиот Исток
Илјадници работници протестираа низ Франција
Тројца загинати во пад на новински хеликоптер во Лос Анџелес
Ал Шара: Сирија се прероди откако беа укинати санкциите
Мозочен имплант ѝ овозможува на Американка со моторна невронска болест да комуницира во реално време
Руска фрегата истрелала две сигнални ракети кон дански воен хеликоптер