| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Трамп: САД ќе го преземат високо збогатениот ураниум на Иран
Ќе го преземеме, не ни треба, не го сакаме, веројатно ќе го уништиме кога ќе го преземеме, но нема да им дозволиме да го задржат, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа, објави Ројтерс
Трамп: САД ќе го преземат високо збогатениот ураниум на Иран
Трамп рече дека САД се противат на какви било такси за превоз низ Ормускиот Tеснец / Reuters

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека САД на крајот ќе ги преземат залихите на високо збогатен ураниум на Иран, и покрај пораките од Техеран дека Иран нема да го предаде материјалот.

„Ќе го преземеме. Не ни треба, не го сакаме. Веројатно ќе го уништиме кога ќе го преземеме, но нема да им дозволиме да го задржат“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа, објави Ројтерс.

Според проценките на американските претставници, Иран поседува повеќе од 400 килограми високо збогатен ураниум, за кој Трамп тврди дека е закопан по воздушните напади на САД и Израел извршени пред речиси една година врз нуклеарните постројки на Иран.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, претходно денес нареди збогатениот ураниум што е блиску до нивото на нуклеарно оружје да остане во Иран, наместо да се пренесува во странство, како дел од договорот за завршување на војната меѓу Соединетите Американски Држави и Израел против Иран, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на неименувани високи извори во Иран.

Трамп, исто така рече дека САД се противат на какви било такси за превоз низ Ормускиот Теснец.

„Не сакаме такси. Тоа е меѓународен воден пат. Тие не наплаќаат такси во моментов“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа.

Трамп тврдеше дека Иран трпи големи финансиски загуби поради ограничувањата на превозната активност.

Во меѓувреме, американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека има „добри знаци“ во тековните преговори со Иран, додавајќи дека Вашингтон има и други опции ако разговорите не успеат.

„Има некои добри знаци“, им рече Рубио на новинарите, но рече: „Не сакам да бидам премногу оптимист. Затоа, да видиме што ќе се случи во следните неколку дена“.

Во разговорите со Иран, „мислам дека постигнавме одреден напредок“, рече Рубио. „Но, очигледно се справуваме со систем кој самиот по себе е малку расцепкан“.

Повеќе
Кина и САД заеднички решаваат случај на транснационална трговија со дрога
Хезболах: Извршени 24 операции против израелските сили
Иран: Предлогот на САД доставен преку Пакистан се разгледува
Ердоган го поздрави продолжувањето на примирјето во Иран во телефонскиот разговор со Трамп
САД: Демократските сенатори поднесоа резолуција за спречување на употреба на војската против Куба
Израел е еден чекор поблиску до предвремени избори
Фон дер Лајен: Единствениот ЕУ пазар треба да се прилагоди на денешните предизвици
САД поднесоа обвинение против поранешниот кубански претседател Раул Кастро
Бен-Гвир објави видео од приведени активисти на флотилата Сумуд принудени да клечат
САД и Израел сакале да го доведат поранешниот ирански претседател Ахмадинеџад на власт по нападите
Трамп и Нетанјаху имале „драматичен“ разговор за Иран, тврдат израелски медиуми
Иран предупредува: Новиот американско-израелски напад ќе го прошири конфликтот надвор од регионот
Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Шведска пред самитот во Анкара
Муцунски: Европската комисија ни стави на располагање 65,7 милиони евра, највисок износ во регионот
Туркије: Предлогот за цевковод на НАТО ќе го зајакне источното крило на Алијансата