| Macedonian
КУЛТУРА
2 мин читање
Почина актерот Гоце Тодоровски
Актерот Тодоровски во својата кариера одигра улоги во бројни серии, драми и емисии, но и во театарот, на телевизија и во радио-емисии. Сепак, најзапамтен ќе остане по улогите во „Македонски народни приказни“ и како Цанде во „Солунски патрдии“.
Почина актерот Гоце Тодоровски
Почина актерот Гоце Тодоровски

На 75-годишна возраст вчера почина легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски, по долга борба со бројни здравствени проблеми.

Веста за смртта на актерот ја објави неговата ќерка, Сашенка.

Тој во својата кариера одигра улоги во бројни серии, драми и емисии, но и во театарот, на телевизија и во радио-емисии.

Сепак, најзапамтен ќе остане по улогите во „Македонски народни приказни“ и како Цанде во „Солунски патрдии“.

Неодамна на Фејсбук страницата посветена на Ѓорѓи Колозов и „Македонски народни приказни“ беше објавено дека Тодоровски е во болница и во лоша здравствена состојба.

Тој зад себе ги остави сопругата Тања, синот Гоце и ќерката Сашенка.

По завршувањето на Факултетот за драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на професорот Илија Џувалековски, се вработил во Драмскиот театар во Скопје.

Подоцна беше гостин и во други театарски куќи, беше дел од бројни театарски престави, телевизиски серии, филмови, хумористични радио емисии… Имаше одлична соработка со голем број на познати наши режисери: Слободан Унковски, Коле Ангеловски, Димитар Станковски, Владимир Милчин, Димитрие Османли… Беше дел од препознатливите телевизиски серии „Македонски народни приказни“, „Итар Пејо“, „Булки кај шините“, „Ајде да се дружиме“, „Трето доба“, “Хихирику„, „Во светот на бајките“, „Бушава азбука“, „Солунски патридии“, “Трст виа Скопје“, “Чук, чук Стојанче“… Глумеше во филмовите „Шеќерна приказна“, “Учителот„, „Црвениот коњ“, „Записник“, „Ликвидатор“, “Тетовирани души„, „Среќна Нова ’49“, „Викенд на мртовци“, “Болва в’ уво“…, а ќе го паметиме и по улогата во „Женски оркестар“… Ќе се сеќаваме на него и по бројните театарски улоги. Играше во “И бол и бес“, “Досада на самиот врв на највисоката власт“, „Џинот“, “Чија си„, „Болва во уво“…

Добитник е на бројни награди: наградата за најдобра улога за ликот Цанде во претставата „Солунски патрдии“ на фестивалот за Театарски игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, најпопуларно ТВ лице според ревијата анкета на весникот „Вечер“, наградата „св. Јоаким Осоговски”, Орден за заслуги за Македонија, Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“, наградата “23 октомври“…




Повеќе
Напад со дрон остави големи делови од суданската престолнина без струја
Израелската опозиција повикува на гласање за крај на владеењето на Нетанјаху
Туркије по хармонизацијата за безбедноста на машините со ЕУ цели на извоз од 10 милијарди
Трамп: Изборите во Бразил изгледаат како да се наместени
Туркије, Саудиска Арабија, Пакистан и Иран ќе продолжат со разговорите за регионалната безбедност
Ердоган вети дека ќе ги брани поморските права на Туркије, повикува на единство во Либија
Макрон: Владата ќе објави силни мерки за смирување на протестите, следниот викенд сè уште е ризичен
Администрацијата на Трамп ја поддржува идејата Орбан да биде на чело на ОН
Извештај на ОН ја обвинува Москва за воени злосторства, го користи студот како оружје
Трговијата и соработката во вселенскиот сектор во фокусот на самитот на туркиските држави во Анкара
Бурнам: Преиспитувањето на договорот за Брегзит со ЕУ може да ги обедини луѓето
Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува непроменета
Бајрактар: Туркије планира да инвестира 100 милијарди долари во електроенергетската мрежа до 2040 г.
Мерц по изборите: Активно ќе ја поддржиме Србија на европскиот пат
Украина ја продолжува воената состојба до јануари 2027 година