| Macedonian
ПОЛИТИКА
3 мин читање
Мицкоски: Барањата од Бугарија се истите од 2022 година, мора да бидеме оптимисти
„Македонските граѓани  мора да знаат дека барањата не се само промена на Уставот и дел од бугарската заедница во преамбулата. Не. Тоа е само почетокот. Само ја отвораме Пандорината кутија“, истакна Мицкоски.
Мицкоски: Барањата од Бугарија се истите од 2022 година, мора да бидеме оптимисти
Мицкоски: Барањата од Бугарија се истите од 2022 година, мора да бидеме оптимисти / Other

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски вели дека нема нови барања од Бугарија за деблокада на интеграцијата на државата во ЕУ истакнувајќи дека тие барања се уште од 2022 година и оти, како што наведе, чекале три години да ги слушнатѕ цела Европа и светот, како и граѓаните што биле жртви на манипулативната политика на поединци. Останува оптимист и посочува дека разговараното на неговата средба со германскиот канцелар Фридрих Мерц и со францускит претседател Емануел Макрон сосема различно од тоа што е разговарано на вчерашниот состанок на претседатеката Гордана Сиљановска Давкова со нејзината бугарска колешка Илијана Јотова во Софија, јави МИА.

Мицкоски порача дека „мора да бидеме оптимисти и да работиме, истовремено да ги штитиме македонските национални интереси“, укажувајќи дека „на парламентарни избори граѓаните  ќе одлучат кого ќе поддржат - тие што ја уништиле Македонија или новиот концепт што го нуди актуелната Влада која е со став за националните интереси.“

„Македонските граѓани  мора да знаат дека барањата не се само промена на Уставот и дел од бугарската заедница во преамбулата. Не. Тоа е само почетокот. Само ја отвораме Пандорината кутија. Следи акцискиот план, следи работата на историската комисија, следи Протоколот 2, каде работата на историската комисија е само едно од барањата. Таму имаат можеби петнаесетина нови барања коишто ние како држава треба да ги исполниме. Така што, нема ништо различно тоа што денеска го слушаме, тоа што го слушаме во континуитет од тоа што, за жал, претходната влада го прифати во 2022 година“, рече Мицкоски, на новинарско прашање по пуштање во употреба на спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода. 

Тоа, посочи Мицкоски, се барања кои ние ги видовме уште во 2022 година и затоа рековме дека сме против. 

„Само што, чекавме четири години, и да бидам попрецизен, три години, за тие барања да ги слушне цела Европа, светот, но и оние граѓани коишто, за жал, беа жртви на манипулативната политика на поединци. Ова не се нови барања, ова се истите барања. Да бидам попрецизен, работата на историската комисија не е формална, таа е суштинска. За нив, работата на историската комисија е суштинска. Немаме исто гледање на идентитетските прашања“, изјави Мицкоски. 

Разбирам, дополни премиерот, дека некој има потреба да манипулира, затоа што потпишал капитулација, затоа што бил политички неуспешен, затоа што бил национално исплакнат, затоа што бил обременет со криминал и корупција и бил подготвен бел лист хартија да потпише и да прифати сè.  

Потенцира дека сè уште е оптимист кога станува збор за разговорот кој го имаше со канцеларот Мерц и со францускиот претседател Макрон, затоа што, нагласи, тоа што е разговаравме на тој состанок е сосема различно од тоа што е разговарано на вчерашниот состанок во Софија.

„Ние мора да бидеме оптимисти и да работиме, истовремено да ги штитиме македонските национални интереси, да не влегуваме во авантура, да не бидеме очајници и давеници, како што тоа го правеше претходната влада, којашто, за жал, е последниот браник на она што беше прифатено во 2022 година, кои се единствените лојални позиции на актуелната политика на нашиот источен сосед внатре во Македонија. Но, за брзо време, веќе сме во втората половина на нашиот мандат, ќе имаме парламентарни избори, па граѓаните нека одлучат. Дали овие, кои капитулираа, ја ограбија, ја осиромашија и ја уништија Македонија треба да добијат и еден пратеник, или ние, коишто нудиме сосема еден нов концепт кој се темели на многу работа, но истовремено бескомпромисна битка и со став за националните интереси“, наведе премиерот Христија Мицкоски.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Во американските напади над Иран погодени цивилни постројки за питка вода
Пет земји размислуваат за ограничување на правото на глас на идните ЕУ членки
Џ.Д. Венс: Нетанјаху „сигурно погрешил во некои работи“ во односите со Вашингтон
Вучиќ: Размислувам да се кандидирам за премиер, планирам да поднесам оставка
Пезешкијан: Заканите на Трамп дека САД ќе ја нападнат инфраструктурата на Иран се знак на очај
Фидан: Соработката за гас меѓу Туркије и Бугарија е клучна за регионалната енергетска безбедност
Туркије ја осудува неоснованата клевета на геноцидниот Нетанјаху против претседателот Ердоган
Алпер Акташ именуван за амбасадор на Туркије во Скопје
Амнести Интернешнл: Израел спроведува етничко чистење на бедуините на окупираниот Западен Брег
Илјадници Иранци без вода откако во американските напади се оштетени резервоарите
Сиљановска-Давкова од Софија: Мора да го оживееме духот на регионалната соработка
Муцунски од Софија: Ние сме заложник на една непринципиелна блокада на нашиот европски пат
Николоски: Железничкото поврзување со Бугарија ќе биде завршено до 2031 година
Ердоган: Израелските напади во Сирија и Либан ја загрозуваат Туркије
Трамп: Иран премногу одолжуваше за договор, сега ќе ja плати цената