| Macedonian
ТУРКИЈЕ
1 мин читање
Азербејџанскиот претседател Алиев го прими турскиот министер за надворешни работи Фидан
Двете страни изразија задоволство од успешниот развој на братскиот и стратегискиот сојуз меѓу Азербејџан и Туркије во сите области, како и од натамошното зајакнување на соработката заснована врз принципот „еден народ, две држави“
Азербејџанскиот претседател Алиев го прими турскиот министер за надворешни работи Фидан
Азербејџанскиот претседател Алиев го прими турскиот министер за надворешни работи Фидан

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, денес во главниот град Баку го прими турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, пренесува Анадолу.

Според соопштението од Кабинетот на азербејџанскиот претседател, Алиев го прими Фидан, кој денес пристигна во дводневна посета на Азербејџан.

Фидан му ги пренесе поздравите од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Алиев. Азербејџанскиот претседател му се заблагодари и побара од Фидан и тој да му ги пренесе неговите поздрави на Ердоган.

За време на средбата, двете страни изразија задоволство од успешниот развој на братскиот и стратегискиот сојуз меѓу Азербејџан и Туркије во сите области, како и од натамошното зајакнување на соработката заснована врз принципот „еден народ, две држави“.

Официјалните претставници ја истакнаа важноста на соработката во енергетскиот сектор и разменија мислења за новите маршрути кон меѓународните пазари во областа на алтернативната енергија.

Исто така, тие ја нагласија логистичката важност на Азербејџан и Туркије, особено нивната улога како клучен мост меѓу Европа и Азија и ја истакнаа важноста од координирање на активностите во рамките на меѓународните организации.

На средбата се разговараше и за иднината на билатералните односи, регионалните прашања и други теми од заеднички интерес.

Повеќе
Фон дер Лајен повика на создавање на Европски совет за безбедност за справување со заканите
Турскиот борбен дрон Акинџи погоди воздушна цел со домашно развиената ракета Сунѓур
Фон дер Лајен ја повика Канада да стане придружна членка на ЕУ
Косово: Засилени безбедносни мерки пред изрекувањето на пресудата за поранешните лидери на ОВК
Климатска агенција на ЕУ: Озонската дупка над Антарктикот поголема од просекот овој месец
Зеленски тврди дека Русија се обидела да го нападне неговиот авион двапати во последните недели
Најмалку девет Палестинци загинале при уривање на оштетена зграда во градот Газа
Кина отвори канал вреден 10,8 милијарди долари, со кој го скратува патот кон југоисточна Азија
Азербејџан: Баку се координира со Анкара за нови проекти за „наредните децении“
Иранските напади предизвикале голема штета на американските бази низ Блискиот Исток
Илјадници работници протестираа низ Франција
Тројца загинати во пад на новински хеликоптер во Лос Анџелес
Саботажа на железничкиот превоз во Холандија, сомнежите се кон земјоделците
Касидијарис од неонацистичката Златна зора пуштен од грчки затвор
Фидан: Што е можно поскоро да се врати предвоениот статус на Ормутскиот Теснец