Русија подготвува масовно гранатирање на територијата на Украина, според податоците од украинските разузнавачки служби, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски во Даблин.
За време на заедничката прес-конференција со ирскиот премиер Мајкл Мартин, тој рече дека рускиот претседател Владимир Путин „веќе некое време подготвува масовен напад врз Украина“ и дека вечерва таквата закана е реална.
„Денес има многу непријатни информации за подготовка на уште еден масовен руски удар. Постојат разузнавачки информации и веднаш по нашата прес-конференција, многу брзо ќе се вратам во Украина со мојот тим. Ги молам нашите луѓе да бидат особено внимателни, да се заштитат себеси и своите деца, како и да користат засолништа и да обрнат внимание на сигналите за опасност во воздухот“, нагласи украинскиот претседател, пренесува Укринформ.
Во исто време, тој увери дека дал соодветни инструкции на армијата и дека украинската воздушна одбрана ќе стори сè што е можно за да се спротивстави на секоја закана.
Зеленски, исто така, истакна дека Путин одбива да ја заврши војната и покрај обидите на Украина преку официјални и неофицијални канали да му пренесе информации дека Киев е подготвен за значајни преговори и дека оваа војна мора да заврши.
„Тој гледа само понатамошна агресија против Украина и против нашите соседи, против цела Европа. Мораме да ја доведеме Русија во услови каде што нема да има друга алтернатива освен мир“, нагласи Зеленски.
Претседателот на Украина пристигна во Даблин за церемонијата по повод почетокот на ирското претседателство со Советот









