| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Советот на ЕУ го ратификуваше царинскиот договор со САД
Бидејќи на Унијата ѝ требаше долго време да ги донесе законите што овозможуваат спроведување на договорот постигнат лани, Трамп се закани дека ќе воведе дополнителни царини ако договорот не биде ратификуван до 4 јули
Советот на ЕУ го ратификуваше царинскиот договор со САД
Трамп и претседателката на ЕK, Фон дер Лајен, лани постигнаа договор со кој американските царини за европски стоки ќе бидат ограничени на 15 проценти / Reuters

Советот на Европската Унија во четврток формално усвои два правилници со кои се потврдува царинскиот договор со Соединетите Американски Држави од август минатата година.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, минатата година постигнаа договор со кој американските царини за европски стоки ќе бидат ограничени на 15%, додека европската страна се обврза да ги елиминира царините за американски индустриски стоки и да го олесни пристапот до пазарот за американските земјоделски производи.

Бидејќи на Европската Унија ѝ требаше долго време да ги донесе законите што овозможуваат спроведување на договорот, Трамп се закани дека ќе воведе дополнителни царини доколку договорот не биде ратификуван до 4 јули.

Усвоените правилници содржат заштитни механизми што ѝ овозможуваат на ЕУ да ги суспендира тарифните преференции за САД во случај Вашингтон да не ги исполни своите обврски.

Заштитните мерки, исто така, вклучуваат можност Комисијата брзо да дејствува во случаи на значително зголемување на увозот што предизвикува или се заканува да предизвика сериозна штета на операторите од ЕУ.

Двата правилници сега ќе бидат објавени во Службениот весник на ЕУ и ќе стапат во сила денот по нивното објавување.

Европскиот парламент гласаше за дваta правилници минатата недела на пленарна седница во Стразбур.

Повеќе
Рубио: Договорот со Иран нема да ги загрози сојузниците во Заливот
Макрон: Француската морнарица пресретна уште еден руски танкер од „ флотата во сенка“
Катарските танкери за течен природен гас транзитираат низ Ормускиот теснец
Иран: Безбедното минување низ Ормускиот Теснец е можно само преку рутите одобрени од Техеран
Извештај: САД продолжуваат со продажбата на млазни мотори на Туркије
Нетанјаху: Никогаш не побарав дозвола од Трамп за да го нападнам Иран
Антиквар од Газа со книгите извлечени од урнатините на својот дом повторно создаде своја библиотека
72 департмани во Франција ставени во црвена тревога поради продолжување на топлотниот бран
Извештај: Трошоците за израелските војни од октомври 2023 се приближуваат до 205 милијарди долари
Цените на нафтата ги избришаа воените добивки, бидејќи сообраќајот на танкери во Ормуз продолжува
Палестинец убиен во сопствениот дом во рација на израелската војска на окупираниот Западен Брег
Трамп вели дека Ердоган е причината зошто ќе присуствува на самитот на НАТО во Туркије
Најмалку 32 лица загинаа, а над 700 се повредени во два силни земјотреси во Венецуела
Лидерите на НАТО ќе се соберат во Анкара на Самитот на 7 и 8 јули
Милановиќ му ги одзеде одликувањата на Главаш по пресудата за воени злосторства