| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО
Со дипломатскиот ангажман е обезбеден дополнителен простор за исполнување на преземените обврски и спроведување на Стратегискиот план за рехабилитација до 2030 година, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија
Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО
Во следниот период, заедно со Албанија, треба да биде подготвена рамка за спроведување на Планот, рече Муцунски

Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО и во оваа фаза нема да биде впишан на Листата на светско наследство во опасност, информираше министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по 48. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Бусан, Република Кореја.

Муцунски посочи дека во првичниот предлог на одлуката било предвидено Охридскиот Регион веднаш да биде впишан на Листата во опасност, но по усвојувањето на амандманот оваа формулација била отстранета, соопшти Министерството.

„Ова претставува значаен дипломатски успех за државата. Резултатот произлегува од координираната државна акција и од посветената работа на сите институции вклучени во процесот“, посочува Муцунски.

Тој информира дека во изминатиот период биле водени интензивни разговори и дипломатски консултации со државите членки на Комитетот за светско наследство, при што биле претставени позициите на државата, преземените обврски и политичката волја за заштита на Охридскиот Регион.

„Покажавме дека дипломатијата носи конкретни резултати. Таа не е само присуство на меѓународни состаноци, туку способност да се градат партнерства, да се создава доверба и да се заштитат најзначајните национални интереси“, нагласи Муцунски.

Министерот оцени дека Охридскиот Регион претставува природно и културно богатство од исклучителна универзална вредност, а неговото зачувување е национален приоритет и одговорност кон идните генерации.

Со дипломатскиот ангажман, како што беше посочено, е обезбеден дополнителен простор за исполнување на преземените обврски и спроведување на Стратегискиот план за рехабилитација до 2030 година. Во следниот период, заедно со Албанија, треба да биде подготвена рамка за спроведување на Планот, а до 1 февруари 2027 година да биде доставен нов извештај за постигнатиот напредок.

„Дипломатијата го обезбеди потребниот простор. Сега обврската е на сите надлежни институции тој простор да го претворат во конкретни и мерливи резултати“, порача Муцунски.

Повеќе
Мицотакис: Нема да има предвремени избори наесен, ќе бидат редовни во 2027 година
Масовна евакуација на жители и туристи во Франција по шумските пожари
ЕУ изненадена од новите тарифи наметнати од САД
Четворица Палестинци убиени во напад на израелската армија и доселеници кај Наблус на Западниот Брег
Туркије ги испраќа првите пилоти во Велика Британија за обука на Еурофајтер
Изгласана реконструкцијата на Владата на Црна Гора, именувани четири нови министри
Стапија на сила новите царини на САД за над 60 држави поради увоз од принудна работа
Трамп ќе замрзнува ирански средства за надомест на штетите во Ормутскиот Теснец
Кина и АСЕАН повикаа на итен прекин на непријателствата на Блискиот Исток
Иран го отфрли предлогот за примирје со САД доставен преку ирачкиот премиер Заиди
Трамп: Размислувам за нов масовен напад против Иран
Трамп: Би се сретнал со Нетанјаху ако допатува во САД следната недела
Туркије остро го осудува израелскиот напад предводен од министерот врз џамијата Ал Акса
Зеленски: До есен нови трилатерални разговори Киев – Москва – Вашингтон
Рубио: Имавме добар разговор со Лавров во Манила