| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Рубио: Имавме добар разговор со Лавров во Манила
Подготвени сме да играме конструктивна улога и да ставиме крај на бесмислената војна, рече Рубио околу заложбите на двете страни за завршиување на војната во Украина
Рубио: Имавме добар разговор со Лавров во Манила
Secretary of State Rubio speaks to the press before bording his plane

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека имал „добар разговор“ со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на нивниот билатерален состанок на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Манила, Филипини.

„Имавме добар разговор, искрен разговор“, им рече Рубио на новинарите, без да навлегува во детали од разговорот.

Нагласувајќи дека двете страни во војната меѓу Русија и Украина „имаат мотив да ја завршат“, Рубио рече дека САД сакаат мировен договор за да се стави крај на војната.

„Подготвени сме да играме конструктивна улога и да ставиме крај на бесмислената војна, и сме подготвени да го сториме тоа... Затоа разговаравме и за други работи. Подготвени сме да играме каква било позитивна улога што можеме за да се стави крај на војната, а за да се стави крај на оваа војна, ќе биде потребно нешто за што и Русија и Украина можат да се согласат“, рече тој.

На американската социјална мрежа X, Рубио напиша дека за време на состанокот со Лавров, тие „разговарале за односите меѓу САД и Русија и потребата од завршување на војната меѓу Русија и Украина“.

Лавров и Рубио се сретнаа во Манила, главниот град на Филипините, кој е домаќин на самитот на АСЕАН и состаноци со своите партнери.

Средбата, прва од минатиот септември, траеше околу 37 минути и ја опфати и состојбата на билатералните дипломатски односи меѓу Москва и Вашингтон.

Двете страни се фокусираа главно на решавањето на украинскиот конфликт, кој е во петтата година откако Русија ја започна својата „специјална воена операција“ во февруари 2022 година.

 

Повеќе
Париз: Приведувањето на двајца француски дипломати во Техеран нема да остане неказнето
Претставничкиот дом на САД одобри рекордни 1,15 билиони долари за воени трошоци
Лавров и Рубио ги завршија разговорите во Манила
Ердоган го угости „Колаче, а не омраза“ момчето, Џошуа Харис, во Истанбул
Мотеги: Ќе продолжи да расте глобалната поддршка за Палестина
Иран продолжи со нападите врз воени објекти на САД во Јордан и Кувајт
Двајца загинати во американски напад врз граничен премин меѓу Иран и Ирак
Хутите тврдат дека нападнале саудиски танкери со ракети и дронови
Лавров и Рубио се сретнаа во Манила, но не одговараа на новинарски прашања
Судењето на Николас Мадуро и сопругата закажано за 1 јуни 2027 во САД
Зеленски разговараше со претставници на Трамп за дипломатските напори за завршување на војната
33 повредени лица во вчерашното невреме во Скопје
Бугарија одобри распоредување на американски авиони и персонал за операции на Блискиот исток
Утре средба Лавров – Рубио во Манила
Аксиос: Разговори за можна средба Трамп-Нетанјаху