Новите ЕУ членки да немаат право на вето, а Гејтс призна дека бил уценуван од Епстин поради сексуални афери
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денес сме четврток 11 јуни
Кој е против ограничување на правото на глас на идните ЕУ членки
Белгија, Холандија, Луксембург, Франција и Германија повикуваат на „длабинска дискусија“ за привремено ограничување на правото на глас на новите земји-членки, особено за финансиски, безбедносни и надворешно-политички прашања, се вели во нонпејпер до кој стигнале медиумите од Брисел.
Џ.Д. Венс: Нетанјаху сигурно погрешил во односите со Вашингтон
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „сигурно погрешил во некои работи“ во односите со Вашингтон, но одби да ги објасни јавно кои се точно тие несогласувања.
Џеко на Мундијалот ќе носи копачки од македонскиот дизајнер Грабулоски
Капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Един Џеко, доби посебен подарок во пресрет на настапот на Светското првенство. Македонскиот спортски дизајнер Сатја Грабуловски изработи специјален пар копачки наменети за голгетерот Џеко со змеј кој е симбол на репрезентацијата и боите од знамето на Босна и Херцеговина.
Израел: Лансирани ракети од Либан врз израелските сили и цивилни области
Израелската армија соопшти дека ракети истрелани од Либан погодиле во близина на нејзините сили кои дејствуваат на југот на земјата, додека на нивна територија се огласиле сирени за предупредување.
И за крај на денешниот блиц…
Гејтс: Бев уценуван од Епстин поради моите вонбрачни афери
Милијардерот и основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, сведочеше пред американскиот конгресен комитет дека осудениот сексуален престапник Џефри Епстин го уценувал поради неговите вонбрачни афери. Тој бил во контакт со Епстин и покрај тоа што за него се воделе процеси за проституција и злоупотреба на малолетнички, а му ветувал инвестиции во неговите фондации.
Тоа беше сė за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нė на социјалните мрежи
