| Macedonian
Дневни блиц вести 12.06.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 12.06.2026
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денес сме петок 12 јуни

САД и Иран се блиску до конечен договор, а Спеј Екс сруши рекорди во првичната понуда на берза

Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денес сме петок 12 јуни 

Иран се согласил за поголемиот дел од нацртот на договорот со САД

Иран се согласи со поголемиот дел од предлог договорот со Соединетите Американски Држави, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеј и нагласи дека Иран нема да прави компромис кога станува збор за нивните „црвени линии“.

Нетанјаху побарал од Трамп поостри услови за крај на војната со Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за договорот со Иран, барајќи поостри услови за прекин на војната. Меѓу нив се барања за прекин на нуклеарната програма и отстранување на збогатениот ураниум и прекин на поддршката од Техеран за милитантните организации во регионот.

Мексико со победа против ЈАР го отвори Мундијалот 

Фудбалерите на Мексико ја победија репрезентацијата на Јужнoaфриканската Република со 2:0 во првиот натпревар од 23. Светско првенство, кое започна со натпревар од групата А на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити. ЈАР натпреварот го заврши со девет фудбалери на терен по двата црвени картона. Претходно за церемонијата на отворањето беше задолжена Шакира и други музички ѕвезди. 

Гаши: Приоритет е да го подигнеме достоинството на Собранието 

Африм Гаши, претседателот на македонското Собрание посочи дека приоритет му е да се подигне достоинството на највисоката државна институција, но и на улогата на институцијата пратеник, која според него е прилично дерогирана, што не е во корист ниту на граѓаните ниту на политичкиот систем. 

И за крај на денешниот блиц…

Спејс Екс собра рекордни 75 милијарди долари во почетната понуда на берза

„Спејс Екс“ компанијата за вселенски технологии на Илон Маск собра рекордни 75 милијарди долари во најголемата првична јавна понуда на берза, со што вредноста на стартапот достигна 1,77 билиони долари. За почеток ќе бидат издадени 555 милиони акции по цена од 135 долари за акција, со опција за продажба на уште 83 милиони акции.

Тоа беше сė за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нė на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 11.06.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите